„Види го детете, не попреченоста“

„Меѓународната класификација на функционирање“ е меѓународен документ на УНИЦЕФ базиран на пристапот што децата можат, наместо, што не можат.

0
76

Под мотото „Види го детете, не попреченоста“ канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје денеска ја промовираше македонската верзија од Меѓународната класификација на функционирање која се очекува да направи промена во начинот на кој гледаме и одговараме на потребите на децата со попреченост.

Настанот според УНИЦЕФ го одбележува и почетокот на нова фаза од кампањата на „Биди фер. За детство без пречки“.

„Меѓународната класификација на функционирање“ е меѓународен документ на УНИЦЕФ  и е базирана на пристапот што децата можат, наместо, што не можат.

„Како Влада, преку Министерството за труд и социјална политика почнавме да работиме на формирање две пилот комисии за функционална проценка на способностите на децата со попречености, што од следната година ќе работат во два региони во Македонија. Тие ќе ги следат децата со пречки во развојот. Што тие можат. Дали можеби и е развиена рачната моторика и можат да удираат печати на пример. Дали моториката на нозете. Дали се брзи во одредени физички активности. Или брзо мислат. Секое дете носи во себе голем потенцијал. Пристапот, да ги утврдиме нивните способности, наесто да се фикусираме на нивните слабости, ќе овозможи да им обезбедиме соодветно образование. Тоа понатау ќе им овозможи самостојност и самодоверба во работата и животот“, рече Премиерот Зоран Заев во своето обраќање.

На присутните им се обрати и претставникот на УНИЦЕФ Бенџамин Перкс, како и меѓународниот експерт Андреас Мартинуци. На сцената се појавија и дел од настанот беа и пијанистката Ема Ананиевска, студентката и лице со Даунов синдром Нина Костеска и малиот Јане Велковски, кој боледува од спинална мускулна атрофија (СМА), чија фотографија покрај постерот на неговиот идол Кристијано Роналдо на арената Филип Втори објавена на инстаграм профилот на УЕФА, го обиколи светот.

Децата зборуваа за проблемите со кои се соочуват во секојдневната комуникација и во животот воопшто, и порачаа луѓето да почнат да ги гледаат нините способности, а не нивните слабости и да им дадат шанса.

Според анкетата на УНИЦЕФ, постои низок степен на контакт со децата со попреченост. На прашањето дали вашето дете некогаш се дружело со некое друго дете или возрасен со попреченост, дури 79 проценти рекле НЕ.

Според Премиерот Заев, мнозинскиот впечаток е дека децата со попреченост немаат можности да го развијат личниот потенцијал како другите деца, дека и кога се школувани овие деца имаат помалку шанси да добијат работа, дека детето со попреченост не може да води независен и продуктивен живот, и општо, широката јавност има ниски очекувања од децата со попречености.

Тој, во име на Владата порача дека ја преземаат обврската да ги отворат можностите и шансите за децата со попречености.

loading...