Вклучете ги децата во купувањето празнични подароци

Празничното купување на подароци би можело да биде добар повод да ги научите децата да ракуваат со парите, но и да научат колку е убаво да се подарува.

0
151

Децата едноставно обожаваат да бидат дел од подготовките за празниците. Од украсувањето на елката, изработката на декорации па се до купувањето подароци.

Оваа година поведете ги со себе во шопинг и вклучете ги во избирањето на подароци за семејството и пријателите.

Празничното купување на подароци би можело да биде добар повод да ги научите децата да ракуваат со парите, но и да научат колку е убаво да се подарува.

Испланирајте го купувањето

Пред да тргнете во шопинг многу е важно да имате добар план, а во изработката на планот вклучете го и детето. Исто така, многу е важно да разговарате за дарувањето, за традицијата и вредностите кои се почитуваат во вашето семејство. Научете го детето дека подарувате затоа што сакате да ги усреќите драгите луѓе, а не затоа што ни е тоа наметнато од маркетиншките компании кои сакаат да заработат на нас. Многу е важно детето да знае дека е важно вниманието и трудот кој сте го вожиле во некој подарок, а не неговата малопродажна цена.

Лекции соодветни на возраста

Децата на предучилишна возраст веројатно нема да го сфатат во целост целиот концепт на дарувањето и веројатно во сето тоа ќе сакаат нешто и за себе и затоа е важно да знаете кои лекции ѝ одговараат на која возраст. На помалите деца е им биде довоно да ве видат како ги плаќате подароците со пари за да ја сфатат трансакцијата, додека поголемите деца можете да ги учите за одредување на буџетот, за штедењето и за тоа колку е важно да планираат паметно пред да почнат со трошење на парите.

Зборувајте со нив за компулсивното купување

Децата сакаат да гледаат каталози со играчки и реклами во текот на празниците, а следниот пат кога некоја реклама ќе му го привлече вниманието, обидете се да му објасните дека каталозите и рекламите служат за да ни го привлечат вниманието, за да потрошиме што повеќе пари и дека во повеето случаи не треба да им веруваме.

Одредете му на детето џепарлак за купување на подароци.

Кога купуваат и кога раководат со пари децата вежбаат сметање и носење на одлуки. Кога ќе тргнете на купување дајте и на децата на предучилишна возраст скромен џепарлак и дозволете им сами да одберат подароци за членовите на семејството. Дозволете им да купат тоа што сами ќе одлучат и уверете се дали научиле нешто од вашите лекции.

loading...