Владо Георгиев: Не ми доликува да менувам пелени

Моја задача е да купам се што треба, да ги возам и да си играм, но пелени не менувам. Мора нешто да работи и жената. И чистењето и миењето садови се женска работа, вели славниот српски пејач и миленик на жените, Владо Георгиев

0
1317

Познатиот српски пејач кој е од вчера во Скопје за да го најави концертот што ќе го одржи на 18 февруари со својот колега Тони Цетински во Арената „Борис Трајковски“ во Скопје, неодамна по првпат стана татко. Во кусото интервкју за „Мајка и дете“ тој вели дека неговата 4 ипол месечна ќеркичка Софија комплетно го сменила.

„Раѓањето на ќеркичката многу ме смени. Сега ми се случува да станам и во шест наутро“, вели тој.

Инаку, неговите обврски откако станал родител е да набави се што е потребно за дома, да ги вози на редовните прегледи и секако, да си поигра со Софија.

За менување пелени не сака да чуе.

„Моментално мајката води повеќе сметка за бебето, јас ја возам на прегледи и нормално, си играм со неа. Пелени не менувам затоа што мислам дека не би требало да го правам тоа и едноставно не ми доликува. Можам да ја избањам, но не и да и менувам пелени. Па мора и жената нешто да работи и да ја знае својата работа. Искрено мислам така…зошто јас би менувал пелени и зошто би усисувал и би миел садови кога имам жена“, вели Георгиев.

loading...