Влијае ли Фејсбук на тоа каква мајка сте?

Дали некогаш сте се запрашале како тоа Фејсбук влијае на вашето мајчинство и дали би биле подобра мајка кога би ја избришале апликацијата на оваа социјална мрежа од вашиот телефон?

0
649

Социјалните мрежи се вовлечени во сите пори на нашиот живот и оние кои редовно ги одржуваат и ги прегледуваат своите профили не можат да издржат повеќе од два часа без да ги проверат нотификациите и пораките. Дали некогаш сте се запрашале како тоа Фејсбук влијае на вашето мајчинство и дали би биле подобра мајка кога би ја избришале апликацијата на оваа социјална мрежа од вашиот телефон?

Мораме да признаеме дека за младите мајки на кои животот им се сведува на грижа за бебето и менување пелени, социјалните мрежи и не се толку лоши и претставуваат прозор кон светот, начин да бидат во контакт со другите луѓе. Но лошо е што од секојдневна кратка занимација, социјалните мрежи многу лесно можат да станат опсесија што никако не може да биде добро.

Ако претерувате со постирање на фотографии и статуси, коментирате се што ќе објават вашите пријатели и посебна сатисфакција ви прават лајковите и позитивните коментари, можеби би требало да го избришете Фејсбукот.

Пристапот кон социјалните мрежи го олеснуваат и паметните телефони на кои можете да ја симнете апликацијата за Фејсбук, Твитер, Инстаграм и да ги употребувате во сите можни положби и ситуации, додека го храните бебето, додека лежите во кревет, додека правите ручек. Меѓутоа, токму тоа може лесно да ве доведе до тоа на некој начин да станете зависни од социјалните мрежи и да ги занемарувате сопствените деца.

Ако повеќе пати ви се случило детето нешто да ви зборува додека вие гледате во телефонот или не го слушате бебето дека плаче затоа што сте се задлабочиле во некоја преписка, можеби веќе сте ја поминале границата и време е нешто да преземете.

Како и кај другите проблеми, првиот чекор кон „излекувањето“ е признанието кое ќе си го дадете себеси дека проблемот навистина постои.

Запрашајте се, што би се сменило толку драстично во вашиот живот ако ја избришете Фејсбук апликацијата од вашиот телефон или пак ако го избришете профилот? Дали вашиот живот би изгубил на квалитет? Дали би биле тажни, дали би ви било здодевно и не би знаеле што да правите со рацете?

На крајот од краиштата, не треба да се избришете целосно од интернет и да престанете да користите компјутер, но само тој мал чекор на бришење на апликацијата од телефонот ќе го подобри вашиот живот. Ќе бидете помалку оптоварени со лајкови, коментари и постови. Вие ќе бидете помалку оптоварени, а социјалните мрежи ќе ги посетувате само повремено откако сите деца ќе бидат „подмирени“, работата завршена, кога ќе бидете опуштени и ќе имате слободно време. Ова целосно ќе го смени вашиот поглед како на виртуелниот, така и на реалниот живот и навистина ќе ве направи подобра мајка.

loading...