Во Хрватска е направен голем тест на пелени и откриено е кои најдобро впиваат

Пелените на Violeta покажале поголема способност на апсорбирање течности од сите тестирани пелени и биле единствени кои и по седум децилитри впиена течност биле суви на допир, а течноста не излегувала од внатрешноста дури ни на притисок. 

0
806

Хрватскиот портал 24 sata.hr објави вест за тестирање на пелени кои се наоѓаат на нивниот пазар, па Ви ги претставуваме резултатите од истражувањето.

На хрватскиот пазар се продаваат десетина видови пелени за еднократна употреба по цена од 30 до 100 куни по пакување (од 249 до 830 ден.), зависно од бројот на парчиња во пакувањето, а хрватската издавачка куќа „24 sata“ спроведе интересен тест, за од прва рака да утврди кои од пелените се најсигурни.

Со тестот се опфатени 10 трговски марки на пелени, од кои најголем број се произведуваат во Европската унија.

Во конкуренција на адутите од светските произведувачи и дистрибутери, како што се Pampers, Interspar, Muller, dm, Kaufland, Lidl, Baby Love и други, најдобри резултати на тестот покажале пелените произведени во Херцеговина!

Имено, пелените на Violeta покажале поголема способност на апсорбирање течности од сите тестирани пелени и биле единствени кои и по седум децилитри впиена течност биле суви на допир, а течноста не излегувала од внатрешноста дури ни на притисок.

Резултатите од овој неофицијален тест уште еднаш потврдуваат дека компанијата, со седиште во Груде, има квалитет потребен за освојување на европските и светските пазари.

Да потсетиме, според извештајот на Euromonitor, минатата година Violeta го престигна дотогашниот лидер на пазарот на пелени во БиХ, светскиот гигант Procter & Gamble, освојувајќи 49 проценти од пазарот во однос на 38 проценти кои ги држел главниот конкурент.

Во април, со договорот со Spar, влезе на австрискиот пазар и така стана првиот бренд од овие подрачја во непрехранбената категорија на австрискиот пазар.

loading...