ШТО НАСЛЕДУВА ДЕТЕТО ОД МАЈКАТА, А ШТО ОД ТАТКОТО?

0
10958

 

БОЈА НА КОСАТА И ОЧИТЕ

Бојата на очите исто така зависи од комбинацијата на генот. Сепак, тука постои една законитост по која е невозможно родителите со изразито темни очи да добијат синооко дете. За разлика од нив лицата со кафени очи можат да добијат потомци со сини очи, иако често има различни примери. Луѓето со светла коса и очи најчесто имаат синооки или зеленооки наследници.

Бојата на косата исто така, зависи од генетската комбинација, па така, доколку двајцата родители се со светла коса и детето ќе наследи светла нијанса. Ако еден од родителите имаат темна, а другиот светла коса, детето ќе биде темнокосо или ќе добие „средна“ нијанса. А, ако еден од родителите има виткана коса, голема е можноста и детето да има таква коса. 

Исто е и со големите усни, кои во најголем број случаи се наследуваат од таткото, додека за големиот ножен палец можеме да и се заблагодариме на мајката, истакнуваат генетичарите.

НАСЛЕДЕН „МАТЕРИЈАЛ“

Тоа дека девојчињата често личат на татковците, а синовите на мајките делумно е и научно потврдено.

Момчињата од мајките наследуваат само еден икс хромозом, богат „наследен материјал“, кој го одредува физичкиот изглед, додека икс хромозомот на таткото е посиромашен со таквите гени.

Кај девојчињата ситуацијата е обратна. Тие добиваат по еден икс хромозом од двајцатата родители, богати со гени за одредување на физичкиот изглед, кои овозможуваат подеднакви шанси да личат и на таткото и на мајката.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here