За Една да може! потребни сме сите

„Една Може”- Организација на еднородителски семејства, и „Една прави“ – социјално претпријатие на се што Една може да направи, најавуваат почнување со реализација на проектот  „One made-handmade“, заедно со „Комерцијална Банка“.

0
110

Во недела и понеделник од 15 до 20 часот (09.04. и 10.04.), во просториите на Една може! (ул. Народен фронт бр. 5) сите заинтересирани можат да донесат облека и сите видови на материјали и платна кои не ги користат и да земат учество во настанот.

„Мас-потрошувачкото општество не притиска да трошиме и кога не треба, а со тоа да произведуваме отпад кој е штетен за целата планета, па ние решивме да сме еколошки одговорни и да возвратиме на овој удар со рециклирање и пренамена на веќе постоечки производи во вид на облека и алишта кои ни здодеале.

За да го реализираме ова, ве повикуваме сите кои имате вишок гардероба да ја донесете во нашите простории, а ние од неа ќе направиме корисни дизајнерски парчиња кои во иднина ќе ви ги понудиме.

Силните имагинации на неколку наши дизајнерки, ќе ги насочат вештите раце на сингл мајките и ќе создаваме неодоливи парчиња кои ќе имаат специјално место во вашите плакари. Но радоста ќе биде и во нивната соодветна практична намена, зошто ќе ја говорат приказната за едно еко свесно и креативно општество и пред се за заедничарењето кое го правиме за „Една да може“, се вели во соопштението.

loading...