За правилен развој на детето, тоа мора да биде активно во реалниот свет

  Типичен припадник на генерацијата Z, реалниот свет го заменува со дигитален, а родителскиот дом го сфаќа како сигурна и удобна тврдина која избегнува да ја напушти.

0
212

После генерацијата Y (ипсилон), т.н. „милениумци“, кои се родени во периодот помеѓу 1980. до средината на 90-тите, дошла генерацијата Z (зет), која ги опфаќа родените од средината на 90-тите до денес. Најстарите припадници на генерацијата Z денеска се на почетокот од своите дваесети години. Поимот генерација е дефиниран многу широко и опфаќа само некои доминантни трендови и карактеристики, такашто не ги опишува сите свои припадници. Наспроти тоа, проучувањето на генерациите може да биде многу корисно, особено кога предупредува на некои загрижувачки податоци.

Многу јасна слика на особините на припадниците на генерацијата Z во САД донело најновото истражување на Џин Твенги, професор по психологија од Сан Диего, кое го изложила во својата книга „iGen” (скратеница за интернет генерацијата). Истата авторка претходно ја проучувала генерацијата Y и своето истражување го објавила во книгата „Генерација Jaс“. Накусо, додека особините на припадниците на генерацијата Y се главно резултат на „размазувачкиот“ воспитен стил, припадниците на генерацијата Z имаат особини кои се резултат на „презаштитувачки“ воспитен стил.

Опасност надвор од семејниот дом

За разлика од претходните „милениумци“ од генерацијата Y, кои се исклучително самоуверени и кои имаат високо мислење за себе иако не можат да го оправдаат со достигнувања во реалниот свет, припадниците на генерацијата Z имаат ниска самопочит и самодоверба и живеат во симбиотски однос со своите родители.

Oна то го поврзува типичниот претставник на генерацијата Z и нивните родители е уверувањето дека светот надвор од семејниот дом е многу опасен. Затоа родителскиот свет се смета како некој вид на тврдина која е сигурно и удобно место. Го избегнуваат секое излегување надвор затоа што го поврзуваат со несакан ризик. Бидеји на типичниот претставник на оваа генерација му недостасуваат социјални вештини, тој надвор од домот во контакт со врсниците се чувствува непријатно и загрозено заради што не сака да ја напушти сигурноста и удобноста на својот дом. Ако излегува, често го прави тоа заедно со родителите.

Со оглед на сите околности, типичен „ајЏин“ не сака да порасне. Не е заинтересиран за оние активности кои водат кон самостојност, преземање на одговорност и зрелост. Зарадиу тоа, нивниот емоционален и социјален развој е забавен, во просек околу три години во однос на претходните генерации. Така, типичен 15-годишник д на ниво од 12 години, а 18-годишник е на ниво од 15 години. Кај нив адолесценцијата почнува дури во дваесетите години.

Со оглед на тоа што „ајЏинерот“ не сака да порасне, кај него изостанува тинејџерскиот бунт против родителскиот авторитет кој е во својата основа обид на мадата личност да се „ослободи“ од родителската власт и да се постигне самостојност.

Главна особина на типичен „ајЏин“ е тоа што реалниот свет го замени со дигитален свет. Практично, тој сето слободно време го минува пред екранот, и тоа првенствено на својот „паметен телефон“. На пример, иченик во четврти клас од средно учииште троши во просек повеќе од два часа во испраќање пораки преку телефон, два часа е на интернет, час и половина игра игри и поовина час поминува во видео-разговор, што се вкупно 6 часа дневно.

Твенги нашла многу силна корелација помеѓу степенот на задоволство од животот и времето поминатио пред екраните: колку повеќе време поминуваат во дигиталниот свет, толку се понесреќни, а колку повеќе време поминуваат во комуникација „очи во очи“ со вистински луѓе, тоа се посреќни. Заклучокот е дека припадниците на генерацијата Z се значително понесреќни од припадниците на претходните генерации.

Дигитални граници

Покрај тоа, припадниците на оваа генерација ги мачат многу изразени чувства на осаменост, страв, срам и депресивност. Во согласност со тоа, забележано е дека кај нив е изразено зголемена депресивноста, но и сконоста кон самоубиства.

За да се развива правилно, детето мора да биде активно во реалниот свет надвор од семејниот дом. Рецептот е едноставен : поставете им „дигитални граници“ од 90 минути дневно, контролирајте ја употребата на мобилниор и бркајте ги надвор.

loading...