Забавната страна на бременоста

Еве уште неколку забавни докази зошто е бременоста некоја сосема друга состојба

0
543

Многу пати сме пишувале за најразлични факти врзани со бременоста – од здравствени до необични и шокантни факти па се до смешната страна на бременоста. Но дури ни науката не успеала до крај да ги истражи сите факти кои се врзуваат за таа поинаква состојба. А дека е тоа навистина поинаква состојба докажуваат токму сите тие истражени и веројатно уште тон неистражени факти.

1. Речиси секоја жена во текот на бременоста доживува промени на својата кожа, ако не во тенот, тогаш секако во бојата.

2. Плодната вода е по својот состав многу хранлива, а всушност е најслична на стерилна урина.

3. Бебето првпат ќе се искака во матката во 21-та недела од бременоста и од тогаш го прави тоа редовно.

4. Исто така, бебињата во матката и мочкаат.

5. Матката за време на бременоста од големина на орев расте до големина на лубеница. (Жените кои се уште не раѓале имаат матка речиси двојно помалa од големината на палец на возрасна личност – значи, со големина на орев).

6. Не се раѓаат сите бебиња без заби – едно од 2000 бебиња се раѓа со еден или повеќе заби.

7. Производството на млеко, наводно, почнува штом мајката првпат ќе го слушне плачот на бебето, па макар тоа било и туѓо бебе.

8. Бебињата плачат и пред раѓањето – во матката.

9. Од вишокот на вода во бременоста на жените неретко стапалата им растат и за еден цел број.

10. Најмногу близнаци се раѓаат во Централна Африка – повеќе од било кое друго место на светот.

[better-ads type='banner' banner='999' ]