Заедничкото старателство е помалку стресно за децата

Ова истражување ги побива теориите дека е за децата стресно често да го менуваат местото на престојување, затоа што е за нив многу поважно тоа што живеејќи и кај едниот и кај другиот родител имаат поцврсти врски со обајцата.

0
678

Децата кои живеат само со едниот родител се под поголем стрес отколку децата чии родители го делат старателството, без оглед на нивото на конфликт помеѓу родителите, покажува студијата на Стокхолмскиот универзитет.

„Можно е причината за ова да е тоа што децата кои се упатени само на едниот родител имаат помалку контакти со фамилијата и пријателите и помалку пари. Претходните истражувања покажале дека децата можат да се грижат за родителот кој ретко го гледаат“, вели Јани Турунен, демограф од Стокхолмскиот универзитет.

Уште од порано се знае дека психолошката состојба на децата е подобра кога родителите го делат старателството такашто децата престојуваат еднакви временски периоди кај мајката и кај таткото. Новата студија посебно го проучувала нивото на стрес кај децата, такашто научниците испитувале 807 деца на разведени родители, поставувајќи им прашања за тоа колку често се под стрес и како се сложуваат со родителите.

Ова истражување ги побива теориите дека е за децата стресно често да го менуваат местото на престојување, затоа што е занив многу поважно тоа што живеејќи и кај едниот и кај другиот родител имаат поцврсти врски со обајцата.

„Живеењето кај едниот па кај другиот родител за децата не значи нестабилност. Заедничкото родителство ги навикнува децата на редовни преселби и на добар однос и со мајката и со таткото“, заклучува Јани Турунен.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here