Зависноста на родителите од паметните телефони создава проблеми во однесувањето на децата

Најновото истражување покажало дека родителите кои се постојано залепени за своите паметни телефони и другите мобилни уреди, имаат повеќе проблеми со негативните однесувања кај децата.

0
264

Се повеќе истражувања се бават со последиците од користењето на модерната технологија, паметните телефони, таблети и компјутери кај децата. Но најновата студија на Универзитетот во Илиноис го поставила прашањето Како зависноста на родителите од технолошките уреди влијае врз однесувањето на децата?

Резултатите покажале дека родителите кои се постојано залепени за своите паметни телефони и другите мобилни уреди и се претерано активни, имаат повеќе проблеми со негативните однесувања кај децата. Под негативни однесувања истражувачите спомнуваат разни испади како што се плачење, инает и гневно избувнување.

„Би требале критички да ги преиспитаме нашите навики за користење на уредите“, изјавил Брендон МекДаниел, автор на студијата која ќе биде објавена во новиот број на списанието Child Developement. „Да се освестиме на кои се начини паметните телефони влијаат на нас, за да можеме ние да владееме со нашите телефони, а не обратно“.

Професорот Мек Даниел проучувал со колегите 170 двојки низ САД кои се во долги, стабилни и среќни врски. Сакал да дознае влијае технологијата врз интеракцијата помеѓу родителите и децата. Оваа студија е една од првите на подрачјето кое го истражува влијанието на технологијата на односите меѓу луѓето. Меѓу испитаните родители биле и такви кои пријавиле проблематично и зависничкокористење на модерната технологија – постојано проверување на телефонот, чувство на изгубеност ако не се до телефонот, постојано пребарување на социјалните мрежи за да се убие здодевноста и слилно. Споменатата група родители исто така пријавила и проблеми во односите со децата. Децата имале повеќе испади, се затварале емоционално во себе, повеќе и подолго плачеле па дури и покажувале агресивно однесување.

Авторот на студијата вели дека не му е целта да ги натера родителите да се чувствуваат виновни, туку да ја освести пошироката јавност дека технологијата може да ја наруши интеракцијата со најблиските. Како што признал и самиот, едноставно живееме во такви времиња и тешко дека технолошкиот напредок може да се запре. Паметните телефони и таблети се направени со цел да го апсорбираат нашето внимание. Ако ни е вниманието пречесто на содржината на паметниот телефон, тогаш децата се оние кои остануваат со помалку внимание. Родителите се често свесни како делуваат содржините на мобилните уреди врз децата па се обидуваат да им го ограничат времето поминато на интернет или во играње игрички. Но сега треба да се направи и еден чекор понатаму и истиот рецепт да го применат и на себе. Оваа студија ќе им помогне и на терапевтите кај проблемите во однесувањето на децата, причината, помеѓу другото, да ја побараат и во зависноста на сите членови на семејството од виртуелните содржини и уреди.

loading...