Знаете ли дека децата што појадуваат се попаметни?

Децата кои секое утро јаделе појадок покажале најдобри резултати на тестовите за интелигенција.

0
162

Ова е добра мотивација да ги натерате децата да го изедат појадокот до крај.

Сите знаеме дека е појадокот најважен оброк во денот и пат до здравје, добро варење и витка линија, а новите истражувања покажуваат дека тоа не прави и паметни.

Истражувањето е спроведено во една градинка во Пенсилванија, а се спроведувало на деца кои јаделе појадок редовно или помалку редовно.

Децата кои секое утро јаделе појадок покажале најдобри резултати на тестовите за интелигенција и воопшто, подобро се концентрирале, велат истражувачите.

Тие ги надминале резултатите на децата кои не појадуваат, дури за 4,6 отсто, а стручњаците велат дека е тоа така затоа што појадокот им обезбедил „гориво“ за продуктивен ден и дека навиката за консумирање на појадок помага за развој на мозокот, како и на детскиот вокабулар во периодот кога тој се развива.

loading...