Зошто децата би требало да растат во потивко опкружување?

Современите домови не можат без ТВ, радио и други средства кои го одвлекуваат вниманието, а тоа може во голема мерка да влијае врз развојот на речникот кај детето.

0
599

Окружувањето на детето игра голема улога во развојот на говорот, особено кога децата учат нови зборови, додека се уште мали.

Новата студија на Универзитетот Висконсин покажала дека телевизорот и другите извори на заднинска бучава може да имаат длабок ефект врз развојот на речникот кај малите деца.

Згора на тоа, можат да ги спречат воопшто и да научат било што.

Научниците истражиле повеќе од 100 деца помеѓу две и двеипол години и се обиделе да ги научат на нови зборови.

Една група била опкружена со бучава во заднината, додека другата била во тивко опкружување.

Другата група се покажала значително поуспешна од онаа која била во бучава бидејќи вниманието на децата од првата група било одвлекувано од нешто друго.

Современите домови не можат без ТВ, радио и други средства кои го одвлекуваат вниманието, а тоа може во голема мерка да влијае врз развојот на речникот кај детето.

Поентата е дека родителите би требало да бидат свесни колку различни гласови постојат во нивното опкружување, додека комуницираат со своите мали деца.

Трудете се да ја намалите јачината на телевизорот или било какви извори на гласови кои можат да влијаат на концентрацијата на вашите најмлади.

Секако, најдобро е што повеќе време да минувате зборувајќи и читајќи им различни приказни, затоа што на тој начин многу поефективно ќе ја развијат својата фантазија.

loading...