Зошто децата на компјутерските генијалци одат во училишта без компјутери?

Децата на луѓето кои се на високи позиции во најнапредните технолошки компании од типот на Гугл, одат во училишта во кои нема ниту еден компјутер, а препорачуваат децата да не ги користат ниту дома.

0
308

Повеќето вработени во Силиконската долина своите деца ги праќаат во училиште кое на ниту еден начин не користат технологија, ниту компјутери и таблети. Станува збор за училиштето Waldorf, чија мисија е низ игра и користење на фантазијата децата да се научат на секојдневниот живот и животните лекции. Освен тоа, таму се осврнуваат на секој поединец, земајќи предвид се што тие доживуваат и проѓивуваат и настојуваат да развијат слободни човечки суштества кои се способни сами на себе да си дадат смисол и правец во животот. Многу се посветени на развојот на детската фантазија затоа што сметаат дека таа има голема улога во учењето и развојот на сите сетила на детето. Токму тоа е многу тешко да се постигне ако децата користат технологија. Таа им го олеснува процесот и ја забрзува работата, а притоа ја ограничува детската способност самите да создаваат свои слики, сценарија и ја ослободуваат креативноста создадена на тој начин.
Глобалниот извештај на Организацијата за економска соработка и развој (OEDC) заклучил дека училиштата кои вовеле технологија во класовите не постигнале подобри резултати на светските тестирања за јазици, математика и наука. Станува збор за PISA тестовите, известува Гвардијан.
За влијанието на технологијата врз децата најсвесни се токму оние кои работат во индустријата. Меѓу нив е и Ален Игл, директор на комуникации во Гугл. „Фундаментално ја одбивам идејата дека на децата им е потребна технологија во основно училиште. Идејата дека некоја апликација на ајпод ќе го научи син ми подобро математика или пак да чита, е смешна“, изјавил тој за Њујорк Тајмс.
Неговите деца Енди и Вилијам одделе во училиштето Waldorf во која речиси три четвртини од родителите на учениците работат во технолошкиот сектор. Неодамна Енди и неговите колеги од петто одделение ги освежиле своите вештини за плетење, прекрстувајќи дрвени игли околу клопчињата и создавајќи нови примероци. Крајната цел била – да сплетат чорапи.
Неговата професорка Кети Вахид која е поранешен компјутерски инженер, се обидува учењето да го направи неодоливо и тактилно. За дропки ги учела такашто им дала да сечат храна – јаболка и торта. „Три недели учевме дропки со јадење. Кога ќе исечев доволно парчиња торта за сите, што мислите, го имав ли нивното внимание?“, вели таа.
Додека повеќето училишта денеска се натпреваруваат кое ќе ги опреми технолошки подобро своите училници, ова училиште се држи до поедноставниот ретро изглед – професорите пишуваат со креда на црни плочи, на полиците стојат енциклопедии, а децата пишуваат со моливи на дрвени клупи.
Управителите на ова училиште сметаат дека со ваквите активности ќе им помогнат на децата во развојот на логиката, решавањето на проблемите, кооординација и математички способности. Од друга страна, тие признаваат дека децата во пониските класови во нивното училиште имаат пониски резултати на стандардизираните тестови од децата во „вообичаените“ училишта.
Причина за тоа е тоа што учителите работат поинаку со малите деца. Тие настојуваат да им ја развијат логиката и да ги научат на основните животни задачи, додека во стандардните училишта акцентот се става на вежбањето математички задачи и исчитување на материјалот за учењето јазици.
„Во нашите училишта лекциите ги држи човек на кој не само што му се важни децата на кои им предава, туку му е важно секое дете посебно. На пример, на што се сеќавате вие од вашето време во училиште? Обично се тоа излетите, експериментите и сите активности кадешто и самите сте учествувале“, објаснува Беверли Амико, водител на програмата за развој и комуникација во Здружението на училитата Waldorf во Северна Америка.
„Школувањето треба да биде комплексно, богато со содржина и што е можно поинтересно. Проблемот со инстант информациите е тоа што не го прикажува реалниот пат до знаењето“, изјавила Сара Торн, водител на Лондонското Acorn училиште.

loading...