Зошто децата удираат со главата во ѕид?

Само во ретки случаи, удирањето со главата може да укажува на аутизам, симптоми од аутистичниот спектар или некое друго пореметување, па ако се сомневате на нешто од ова, секако консултирајте се со лекар.

0
559

Не е реткост бебињата или помалите деца наеднаш да почнат да реагираат на се со удирање на главата во ѕид или од подот. Иако на родителите тоа им изгледа страшно па често се прашуваат дали е нормално и зошто детето го прави тоа, сепак, не се грижете доколку е тоа случај и со вашето: не е ништо невообичаено. Напротив, ваквото однесување е доста често, особено за двогодишниците, а иако таа фаза најчесто поминува за неколку месеци, понекогаш знае да потрае и подолго. Не во поголем процент, секако, но дури и тоа, велат стручњаците, е прилично нормално.

Зошто децата ја имаат таа потреба?

Можеби нам на возрасните ќе ни изгледа чудно, но ритмичкото удирање на главата ги смирува децата па тоа често го прават кога се вознемирени, фрустрирани. Лути или исплашени.

Понекогаш детето бара дополнителна грижа, а понекогаш можеби станува збор за некоја физичка болка која детето не мое да ви ја објасни па со удирањето на главата од ѕид или од подот практично ја преусмерува болката.

Само во ретки случаи, удирањето со главата може да укажува на аутизам, симптоми од аутистичниот спектар или некое друго пореметување, па ако се сомневате на нешто од ова, секако консултирајте се со лекар.

Како треба да реагирате кога ќе почнат да удираат со главата?

Обично се вели дека тоа го прават децата со вишок на енергија, кои немале можност некаде да се испразнат па на овој начин ја исфрлаат непотрошената енергија и агресијата па во тој случај на детето би требало да му се овозможат редовни физички активности.

Децата кои го прават тоа повеќе од другите моеби навистина бараат само малку повеќе родителско внимание па обидете се да му се посветите малку повеќе на детето, но не тогаш кога тоа веќе ја удора главата од ѕид, туку претходно.

Можете да им воведете и некои ритмички игри со кои постепено ќе изгуби желба за ритмично удирање со главата. Танцивајте, сввирете, пејте, дајте им да удираат по тапани.

Некои деца со ритмично удирање на главата се заспиваат па проверете дали вашето дете има нормален ритам на спиење или е можеби прееморено кога ќе почне да го прави тоа.

Чувајте им го нивното главче затоа што иако повеќето деца нема да удираат толку силно за да се повредат многу и веројатно ќе го намалат интензитетот на удирање на главата ако им се појави чворга, сеедно, бидете внимателни тоа удирање да не биде премногу силно. Иако веројатно повеќето од нас ќе се вознемират на ова: оставете го да се удира само внимавајте да не биде премногу силно“, знајте дека тоа навистина не е необична појава.

Се верува дека повеќе од 22 отсто од децата ја поминувааат таа фаза, а бројката е можеби и поголема ако се земе предвид дека родителите всушност не ја пријавуваат знаејќи дека станува збор само за фаза. Но ако притоа детето почне да се однесува чудно, да се затвара во себе и се почесто да се концентрира на чукањето и на чувството кое им ја даа таа ритмичка активност, тогаш е време за подетален разговор со струни лица.

loading...