Зошто на децата не треба да им се купуваат скапи подароци?

Кога следниот пат ќе решите да го затрупате детето со подароци, размислете уште еднаш

0
223

Истражувачите од Универзитетот Мисури испитувале илјадници млади луѓе со цел да утврдат кој систем на воспитување го применуваат современите родители. Произлегло дека повеќето во воспитувањето на децата се служат со материјални стимуланси. Тоа значи дека ако сакаат да искажат грижа и љубов кон детето најчесто му купуваат некој подарок. Ако сакаат да го казнат детето му забрануваат да употребува некои работи. А ако сакаат да го научат на некои правила и должности, речиси секогаш користат материјални стимуланси – пари или ветување дека детето ќе добие нешто што знаат дека посакува.
Резултатите од ова интересно истражување се објавени во списанието Consumer Research.
Научниците дошле до заклучок дека се поголем број млади родители ги стимулираат децата со помош на пари и предмети. Ако детето си го наместило креветот ќе добие сладолед, ако има добри оценки ќе добие Ајфон, ако помага во средувањето на куќата, ќе добие нови фармерки.
Ова на прв поглед делува како да е во ред: од една страна детето учи дека парите и подароците во неговиот живот не доаѓаат туку така, а од друга страна – детето има постојан стимул да стане уште подобро. Меѓутоа, истражувањето покажало дека таквиот пристап носи со себе барем два недостатоци.

Како прво, материјалните подароци не ги усреќуваат децата. Тоа е потврдено со дополнителни истражувања. Како второ, децата кои од детството имаат таков третман учат и себеси и другите да ги оценуваат врз основа на материјалното добро со кое располагаат. Ако на детето му плаќате за неговото примерно однесување, тоа на потсвесно ниво ќе почне да се однесува лошо кон оние деца кои немаат играчки како неговите. Тоа многу објаснува, нели? Дали некогаш сте се запрашале зошто учениците од пониските одделенија на пример, ги шиканираат децата кои немаат мобилен телефон? Или зошто некои деца ги рекетираат послабите од нив одземајќи им ги парите и играчките?

Истото важи и за обратната стимулација. Ако на детето му забранувате да ги користи омилените раблоти затоа што на училиште добило лоша оценка, не се чудете ако за еден месец ве повикаат во училиште ззатоа што вашето дете им ги одзема работите на другите деца.
Најлошото во сето ова е долгорочнот ефект кој го има таквото воспитување. Кога така воспитуваните деца ќе пораснат тие цврсто го поврзуваат социјалниот успех и работите со кои располагаат. Ова, би е рекло, не е толку лошо: за нормален живот се потребни пари па добро е тие да се заработуваат, а трката по пари можете дететео да го држи настрана од некои лоши пороци.
Но Американската психолошка асоцијација напоменува дека луѓето кои власта над материјалните предмети ја поврзува стриктно со социјалниот статус, всушност не се никогаш среќни. Истражувањата покажуваат дека тие почесто добиваат трауми, страдаат од депресија и осаменост, имаат низа проблеми во односите со партнерот.
Постои само еден начин да го спасите детето од таквите „радости“: поминувајте со него повеќе време и наместо материјални подароци подарувајте му почесто нови искуства и впечатоци. Следниот пат кога од училипте ќе донесе петка или ќе си го намести креветот, не му купувајте играчки. Однесете го во парк. Или погледнете го заедно неговиот омилен филм.

loading...