Зошто не треба да ги ставате децата во количките во супермаркетите?

Дури 72 отсто од количките за купување во супермаркетите имаат на себе фекални бактерии

0
2315

Веројатно кога влегувате во продавница автоматски, без да размислувате, го ставете детето во преградата која се наоѓа на предната страна од количките за купување бидејќи ви е така наједноставно да пазарите а да го имате детето секогаш на око.

Но една мајка во Австралија сигурно добро ќе размисли дали некогаш пак ќе го стави својот син Логан во количка затоа што, преку нив, како што тврдат лекарите, се заразил со салмонела која потоа го довела десетомесечното бебе дури до менингитис. Откако детето завршило во болница неговата мајка Вивиен им раскажала на докторите дека цела недела не биле никаде освен што на кратко биле заедно да пазарат во еден голем супермаркет. Докторите кажале дека количката за купување би можела многу лесно да биде извор на оваа опасна зараза.

Станувало збор за вид на салмонела која довела до менингитис. Мајката веднаш го споделила своето лошо искуство на социјалните мрежи, предупредувајќи ги роодителите секогаш да го пребришат седалото на количката за купување пред да го стават детето во него или барем да ја прекријат со кебенце.

Дали треба да се биде внимателен при користењето на овие колички или станува збор за многу редок случај? За жал, предупредувањата на Вивиен ги  потврдиле и научниците од Универзитетот во Аризона кои откриле дека 72 отсто од количките имаат на себе фекални бактерии и дека нивните рачки се повалкани од просечно веце. Половина од количките што ги испитувале имале на себе бактерија ешерихија коли која е најдена не само на рачките, туку и на жичената кошница и на самата рамка од количката. Причина за ова е што овие колички многу ретко, да не речеме никогаш не се дезинфицираат и чистат.

Но од друга страна, науниците истакнуваат дека бактерии има насекаде околу нас и дека одредена изложеност го јакне имунитетот. Иако сочувствуваат со случајот на Вивиен, тие порачуваат дека ваквите случаи не се чести и дека не значи дека ова ќе му се случи на секој што ќе го стави своето дете во количка за купување. Сепак, оние кои се плашат од зарази, можат пред употреба да ја дезинфицираат количката со влажни марамици.

loading...