Зошто принцезите на „Дизни“ лошо влијаат на девојчињата

Во рамките на истражувањата се анализирани 198 деца на предучилишна возраст и е откриено дека 96 отсто девојчиња и 87 отсто момчиња ги гледаат цртаните филмови со принцези на „Дизни“. Секоја шесто од 10 девојчиња си играле со играчките кои претставуваат некој лик од цртаниот филм најмалку еднаш неделно, како и момчињата.

0
1006

Принцезите на „Дизни“ како Елза од цртаниот филм Снежно кралство“, Џесмин од „Аладин“ и Ариел од „Малата сирена“ лошо влијаат на самодовербата на девојчињата, се тврди во истражувањето. 

Измислените ликови ги промовираат негативните стереотипи за женското тело. Елза од „Снежното кралство“ има неверојатно тенка половина како и многу принцези на „Дизни“ во текот на изминатите години.

Додека многу родители не гледаат ништо штетно во гледањето на овие цртани филмови, научниците велат дека тие ги интензивираат бескорисните стереотипи. Оние девојчиња кои биле опседнати со принцезите на „Дизни“ и сакале да изгледаат како нив, најчесто имаат ниска самодоверба во врска со своето тело. 

Авторката на студијата Сара Којн рекла дека тоа направило девојчињата да сакаат да бидат слаби, па не сакаат да ги извршуваат работите кои не се толку поврзани со жените. 

– Принцезите на „Дизни“ претставуваат некои од првите примери на изложување на идеалот на слаби и тенки жени. Како жени изложени сме цел живот и тоа навистина почнува рано, во третата или четвртата година од животот. Родителите мислат дека културата на принцезите на „Дизни“ е безбедна, сигурна, но би требало да го земат предвид долготрајното влијание на нивното дете – рекла Којн.

Во рамките на истражувањата се анализирани 198 деца на предучилишна возраст и е откриено дека 96 отсто девојчиња и 87 отсто момчиња ги гледаат цртаните филмови со принцези на „Дизни“. Секоја шесто од 10 девојчиња си играле со играчките кои претставуваат некој лик од цртаниот филм најмалку еднаш неделно, како и момчињата.

– Знаеме дека девојчињата кои се држат до женските стереотипи мислат дека не можат да прават некои работи. Не веруваат во себе и мислат дека не можат да бидат добри во математиката и науката. Не сакаат да се извалкаат и не сакаат да експериментираат. За да го избегнете негативното влијние, вклучете го своето дете во разни активности и нека принцезата биде една од многуте работи коишто сакаат да бидат – рекла Којн. Таа истакнала дека за девојчињата најчесто го слушаме комплиментот „мала принцеза“, а ретко „паметно, вредно девојче“. 

Фото: www.detinjarije.com

loading...