Зошто речиси сите ги држат бебињата со левата рака?

Тоа што повеќето луѓе ги држат бебињата на левата страна нема врска со тоа дали се деснаци или леваци, туку има научен одговор

0
1237

Дали сте забележале дека своето дете секогаш го носите во левата рака и дека после неколку месеци веќе забележувате дека мускулите на левата рака ви се посилни од оние на десната? И колку и да се трудите да го префрлите детето на десната рака и да го носите така, тоа едноставно не ви оди.

Науката дава одговор зошто е ова така. Според него, речиси 80 отсто од луѓето задолжително ги носат децата баш од левата страна и тоа нема толку врска со тоа дали се тие леваци или деснаци, туку со тоа што носењето во левата рака е побезбедно за детето. Поентата е во тоа што со левата рака управува десната страна на мозокот, а таа е задолжена за процесуирање на информации, а особено на емоции.

Тоа значи дека носењето на детето во левата рака и овозможува на десната страна од мозокот подобро да го перцепира и подобро да го „гледа“ детето па така побрзо и полесно да ги воочи неговите потреби. И тоа е всушност единствена причина поради која уште на почеток се навикнуваме да го држиме детето во левата рака па затоа ни е потоа дури и тешко да ги замениме.

[better-ads type='banner' banner='999' ]