Зошто секогаш треба да се поздравите со детето пред да излезете од дома?

Секој родител на мало дете знае колку може да биде напорен моментот на излегување од дома без него. Имено, повеќето деца штом ќе видат дека родителот излегува почнува да плаче. За да не го расплачат детето, нејкои родители излегуваат од дома кришум. Сепак, не би требало да го правиме ова...

0
2165

Раздвојувањето и оставањето на детето само по себе не е лесно, а целата ситуација се влошува кога детето ќе влезе во фазата на страв од одвојување (сепарациона анксиозност).

Меѓутоа, невозможно е да се биде секогаш покрај него, а и раздвојувањата се корисни за да може тоа да ја развие својата емотивна независност, дури и ако е тоа не почеток тешко. Искрадувањето од дома не е вистинското решени затоа шпто може да му нанесе на детето емотивна рана која е тешко да се залечи.

Криењето од детето и излегувањето без поздрав нема да го спречи неговото страдање. Фактот што вие не слушате дека плаче не значи дека помалку му недостасувате. Дури и спротивно, може да биде многу полошо. Имено, различно е кога детето плаче затоа што е тажно што излегувате од дома и кога плаче затоа што сфатило дека ве нема и стекнало чувство дека е напуштено.

На малите деца им е тешко да се одвојат од родителите затоа пшто ги гледаат како извор на сигурност. Заради тоа, ова одвојување детето може да го доживее како вистинско напуштање, уште повеќе ако родителот исчезне одненадеж. Не треба да се потценуваат детските чувства што можат да се јават во тој момент:

Шок. Во прв момент детето реагира со плачење, лутина и бес. Потоа може да осети грижа и страв

Несигурност. Кога детето одеднаш ќе сфати дека неговите родители не се тука, неговиот свет може да се потресе, што создава голема несигурност. Ако наместо да го поздравите, излезете кришум, тоа нема да знае кога повторно можете така да исчезнете и затоа ќе се чувствува секогаш несигурно и збунето.

Страв. Наместо да го научи детето како да се соочи со одвојување од вас, бегањето само создава страв. Последица на ова е што детето по вашето враќање ќе биде само уште поповрзано со вас и на готовс, дека може повторно да биде напуштено. Освен тоа може да развие и страв дека ќе го напуштат и другите.

Вина. Ако често излегувате од дома кришум, многу е веројатно дека детето ќе почувствува и вина. Ќе мисли дека направило нешто погрешмно поради што „заслужува“ да биде „напуштено“ и тоа веројатно ќе влијае врз неговата самодоверба затоа што ќе мисли дека не е вредно за нечија љубов.

Сето ова го потврдуваат и разни студии па сигурно е дека нејавувањето на родителите пред да излезат од дома, децата го сфаќаат како напуштање. Оваа ситуација предизвикува многу емоции и реакции кои не се добри за детето.

loading...