Зошто треба да се почека со сечењето на папочната врвца?

Тоа не е некој нов тренд, туку нови спознанија кои порано едноставно се уште не биле откриени

0
825

Околу тајмингот кога е најдобро да се пресече папочната врвца се зборува се повеќе. Нашите родители веројатно за тоа немаат никаков став затоа што во нивно време науката едноставно не се занимавала со ова. Новоста е во тоа што денеска се повеќе се размислува токму за тоа. Доказ се неодамнешните нови препораки на Светската здравствена организација, според кои со сечењето би требало да се почека минимум 30-60 секунди. Некои други организации кои се занимаваат со здравствени прашања за новороденчињата спомнуваат дури и период од две па се до пет минути, за што постојат и добри прилини за тоа колку одложувањето може да влијае врз здравјето на новороденчињата.

Имено, досегашната практика речиси секаде во светот не препорачувала никакво одложување. Некои доктори едноставно веднаш сечат по раѓањето на бебето, а некои кои често биле малку побавни па со дополнителните проверки на трудницата, бебето и постелката всушност ненамерно го одложувале сечењето за некои 15 максимум 30 секунди.

Но тоа претходно не било така. Постојат податоци од 1960 година кога лекарите ја оставале папочната врвца неколку минути, односно, дури откако бебето ќе се погалело со мајката. Потоа, некако со текот на времето почнале да го забрзуваат процесот, без да постојат никакви докази дека тоа наеднаш мора да биде така. И така наеднаш сите лекари почнале да применуваат слична практика која се задржала до пред десетина години кога почнало се повеќе да се истражува.

Затоа тоа не се некои нови трендови, тоа се само нови спознанија кои порано едноставно не биле откриени.

Зошто е одложувањето толку важно?

Уште до неодамна се зборувало дека одложувањето на сечењето на папочната врвца може да донесе позитивни ефекти на бебето особено може да го намали ризикот од анемија, но денеска сепак се повеќе се зборува за врската меѓу папочната врвца и првиот здив на бебето. Односно, транзицијата на бебето од живот во плодова вода во живот на воздух.

Додека се бебињата се уште во матката постелката има улога на „бели дробови“ и се менува толку во оние неколку секунди после породувањето кога се менува комплетната циркулација. И токму затоа, во таа дополнителна половина минута, на бебето му се овозможува низ папочната врвца да ја добие за последен пат таа голема количина кислород од крвта како додаток на нивните први слаби вдишувања. Тоа, и фактот дека папочната врвца е се уште полна со хранливи материи кои бебето ги добивало и кои му се потребни сега кога повеќе не е во матката.

Самото вдишување, иако го споменуваат како една од главните причини зошто би требало да се почека со сечењето, не е единствена причина. Според заклучоците на American College of Obstetricians and Gynecologists, постојат дури и сознанија дека одложувањето му носи на бебето уште малку железо и така ќе го спречи неговиот недостаток во организмот, што се поврзува со развојот на подоцнежните когнитивни вештини, а докажано е дека одложувањето на сечењето на папочната врвца кај порано родените бебиња (до три минути) носи и поголеми предности – па дури и побрз развој на мозокот и на белите дробови.

Што може да направи мајката

Секоја мајка може да му ја спомене на лекарот оваа опција. Тешко дека после толку години иста пракса можеме да очекуваме дека лекарите ќе го менуваат својот начин на работа, но едно е сигурно ако не постојат никакви ризици за бебето, секој лекар би требало без поговор да и дозволи на мајката да одлучи кога да се пресече папочната врвца. Особено ако ја има таа привилегија (кај нас е тоа се уште привилегија) да ужива со своето бебе со методот кожа на кожа

Во секој случај, барем таа прва минута бебето се уште ги добива сите тие важни материи од крвта.

loading...