Авторитетот не се стекнува со викање

Повеќето родители признаваат дека повремено им викаат на своите деца и мислат дека тоа не е штетно како физичкото казнување. Сепак, и дерењето како начин на дисциплинирање влијае на емоционалниот развој на детето.

0
285

Кога првпат викнавте на детето, тоа се исплаши. Но, со текот на времето, овој метод на воспитување ослабна. Децата се прилагодија на овој вид комуникација и многу брзо сфатија дека викањето нема да ги одведе до решавање на проблемот.
Повеќето родители признаваат дека повремено им викаат на своите деца и мислат дека дерењето не е штетно како физичкото казнување. Сепак, и тоа како начин на дисциплина влијае на емоционалниот развој на детето.

Викањето не помага

Викањето на децата не носи никаква порака. Децата се обидуваат да се одбранат од ваквите „напади“ такашто во повеќето случаи не ја разбираат поентата на викањето. Децата кои се постојано изложени на викање обично се исклучуваат во таквите моменти и не ги сфаќаат своите родители како никаква закана.

Викањето предизвикува инает

Викањето кај некои деца може да предизвика инает и тврдоглавост и зголемен отпор кон секаков вид авторитет. И таквиот став нема да им помогне во адолесценцијата.

Чувство на бескорисност

Некои деца мислат дека не се доволно вредни за вашето време и внимание. Тие мислат дека не ги сакате доволно затоа што секогаш им викате и никогаш не разговарате со нив „нормално“. Ако постојано викате и се лутите, така ве гледаат и вашите деца. Тие ќе научат дека викањето е единствениот начин да се решат конфликтите и да се изразат емоции.

Понекогаш е добро да се покачи тонот

Понекогаш е потребно да се покачи тонот кога му се обраќате на детето затоа што некои ситуации го бараат тоа од нас. На пример, во ситуации што може да ја загрозат безбедноста на детето, извикувањето е потребно. Кога ќе го направите тоа, објаснете му зошто викате и што очекувате да направи, како и што ќе се случи ако не ве послуша.

Авторитет се стекнува со почит, а не со викање.

Ако мислите дека премногу викање не води до ништо – во право сте. Ако претерувате и викате за секоја помала грешка, децата нема да ве сфатат сериозно, туку ќе станат имуни на вашето викање. И ќе забележите дека секогаш зборувате сè погласно и погласно. Ако чувствувате дека сте ја стекнале оваа навика, добро размислете пред да се развикате следниот пат, а кога не е неопходно да викате, едноставно повлечете се малку и вратете се откако ќе се смирите и разговарајте убаво со детето.

Не е доцна, обидете се да го сведете викањето на минимум – децата ќе ви бидат благодарни!

Фото: Freepik

loading...