Ако се прашувате како може да се заборави дете во автомобил, можеби има објаснување

Кога родителите ги забораваат своите деца во автомобилите, се верува дека причината за тоа се преоптовареноста, исцрпеноста и стресот. А најчест симптом на преоптоварување на мозокот е т.н. doorway effect (ефект на врата). Ви се случило да отидете во кујна и да заборавите зошто?

0
534

Откако петгодишно момче почина во заклучен автомобил во Книн, многу луѓе се прашуваат како е можно родител да заборави дете во автомобилот.

Постојат многу причини зошто се случуваат такви кошмарни сценарија.

„Децата се екстремно љубопитни. Понекогаш влегуваат самостојно во автомобилот“, вели Џенет Фенел, претседател на непрофитната организација ‘Kids and Cars’, која се обидува да ја зголеми безбедноста на децата во автомобилите.

„Понекогаш луѓето ги оставаат автомобилите отклучени, на патеките од нивните домови, во дворовите или гаражите. Тоа никогаш не треба да се направи“, предупредува Фенел.

2018 и 2019 година беа најлошите години во однос на смртта на деца кои доживеале топлотен удар во автомобил. Така, 53 деца го загубија животот. За време на пандемијата, 2020 година, 24 деца починаа во врели автомобили. Во последните 20 години, тоа е причина за смртта на повеќе од 700 деца во светот, според податоците објавени од Today..

Доенчињата и малите деца се изложени на најголем ризик. 87 проценти од децата кои починале во прегреани автомобили биле под 3 години.

„Доенчињата и малите деца немаат можност да ја регулираат телесната температура. Ако надворешната температура е 32 степени Целзиусови, во автомобилот може да се искачи на 54 степени за само 10-15 минути“, вели др. Ричард Саладино од Детската болница во Питсбург. Што точно се случува кога ќе го оставите вашето дете во прегреан автомобил прочитајте ТУКА.

Кога родителите ги забораваат своите деца во автомобилите, Фенел верува дека причината за тоа е исцрпеност и стрес. А најчест симптом на преоптоварување на мозокот е т.н. doorway effect (ефект на врата).

Сигурно ви се случило некогаш да влезете во некоја соба со одредена цел, но сте ја заборавиле таа цел веднаш по влегувањето. Научниците го нарекуваат овој феномен „ефект на врата“.
Преоптоварувањето на мозокот со информации ги прави луѓето поподложни на „ефектот на врата“, односно на заборавање, а доколку сакате да го одбегнете тоа, обидете се да останете фокусирани на целта и мислете на неа цело време додека не ја завршите, велат истражувачите.

„Многу родители веруваат дека ги оставиле своите деца во градинка, за подоцна да откријат дека детето е сè уште во автомобилот. Или дури и не сфаќаат дека нивните деца сами влегле во нивните автомобили и останале таму“, објаснува Фенел.

Таа советува секој родител да се придржува до овие седум работи со цел да се спречат трагедии како онаа што се случи во Книн.

1. Погледнете пред да го заклучите автомобилот
Отворете ја задната врата и погледнете ги задните седишта за да бидете сигурни дека сите излегле од автомобилот.

2. Чувајте нешто што ви потребно на задното седиште
До детето, ставете мобилен телефон, паричник, лаптоп, сè што ви е важно и потребно кога ќе излезете од автомобилот.

3. Набавете кадифена играчка
Чувајте кадифена играчка на седиштето до вас. Кога има дете на седиштето, ставете ја кадифената играчка на совозачкото седиште како потсетник дека бебето е одзади.

4. Секогаш заклучувајте ја вратата
Дури и ако автомобилот е во гаража, заклучете ја вратата кога ќе дојдете дома за да спречите љубопитните деца да влезат во автомобилот.

5. Извадете ги клучевите од автомобилот
Децата сметаат дека клучевите од автомобилот се интересни и можеби ќе сакаат да си играат со нив, затоа чувајте ги подалеку од нив.

6. Направете договор со градинката или училиштето
Ако вашето дете не се појави во градинка или училиште без претходна најава, нека ви се јави член на персоналот за да проверат дали сè е во ред.

7. Ако во некој автомобил видите само дете, направете нешто
Не двоумете се да повикате помош.

Фото: Pixabay

loading...