Активности и игри во период на домашна изолација

Многу родители бараат активности што можат да му помогнат на детето за време на ова мирување, толку несвојствено за детскиот дух, кои квалитетно ќе му го исполнат денот.

0
337

Децата се принудени да поминуваат што е можно повеќе време дома. Со каков проблем се соочуваат родителите и децата?

Речиси преку ноќ, се најдовме во ситуација која бара од нас да седиме дома, што помалку да се гледаме со други луѓе и што е можно помалку да остануваме надвор од домот. И колку што е можно почесто да ги миеме и дезинфицираме рацете.

И покрај стресните околности, темпото на животот нагло се забавува и ние започнуваме да ги поминуваме деновите само со нашите најблиски. Многу родители бараат активности што можат да му помогнат на детето за време на ова на ова мирување, толку несвојствено за детскиот дух, кои квалитетно ќе му го исполнат денот и ќе внесат во него малку динамика.

Во овој период се соочуваме со проблемот на појава на здодевност кај најмладите, па и кај повозрасните луѓе. Треба да се потенцира дека здодевноста е важен фактор во развојот и е едно од многуте чувства што детето треба да ги знае и да научи да се справи со нив.

Јасно е дека ситуацијата целосно се менува кога детето треба да биде дома цел ден, со денови и недели без дополнителни организирани активности и дружење.

Покрај тоа, постои уште еден проблем, а тоа е стравот што се јавува кај децата, затоа што децата непогрешливо ги чувствуваат грижите на своите родители. Треба да им се објасни на децата дека станува збор за различен вид грип, што не е толку опасно за нив, но е за постарите членови на семејството и затоа се воведуваат мерки на претпазливост. Тие дури можат преку игра да се упатат во практикување важни елементи за заштита од инфекција преку игра, на пр. да се „натпреваруваат“ што помалку пати во текот на денот да си го допрат лицето, очите, носот, устата и „прекршокот“ да го забележуваат на посебно парче хартија во текот на денот. Во вечерните часови, тие можат да погледнат кој има најмалку прекршоци и тој е победник на денот. Децата ќе ги следат родителите и ќе бележат негативни поени за родителите, а во исто време ќе се обидат да не го допираат ниту своето лице. Може да се воведат и некои симболични награди. Преку игра секогаш можеме да смислиме нешто што е корисно за нив.

Во вакви ситуации, кога детето е со денови и со недели дома, а можеби и подолго, се појавува проблем затоа што детето треба да се движи. Затоа треба да се направи распоред на дневни активности. На пример, наутро тоа е подготовката за појадок, во кој детето активно учествува. После тоа е време да учи или да црта, поголемите деца да читаат книги, а помалите сликовници. Родителите можат да користат различни ситуации, на пример, ако стаклото е замаглено, да му дадат на детето да црта по него.

Можат да гледаат едукативни емисии за природата, животните, а поголемите деца можат да гледаат училишни емисии. Околу пладне започнува подготовката за ручек, потоа ручек, а после тоа детето има слободно време. Во попладневните часови може да се играат некои друштвени игри, особено такви што бараат длабоко внимание. Најдобрата игра е шахот, но може да послужи и „Човече не лути се“, за помладите деца. Секако, има и многу други друштвеи игри, па време е да ги извадите затоа што веројатно досега биле запоставени.

По друштвените игри, се подготвува вечера, а потоа се вечера. Следува уште малку заедничко време со родителите (некој семеен филм или читање книга). Со сите овие активности, важно е да се осмислат и поактивни игри, такашто можеби треба да направат и мали полигони.

Една од игрите кои ќе ги наведат децата на физичка активност е следнава:

Родителите треба да залепат широка леплива лента во ходникот и му кажуваат на детето дека тоа не е за него затоа што е тешко. Секојпат кога родителите минуваат низ ходникот одат по лентата нога пред него. Детето секако ќе се обиде и само да го направи тоа и ќе биде среќно кога ќе ја заврши оваа „тешка задача“. Штом успешно ја завршат оваа задача, еден ден подоцна, родителите прават нешто малку потешко. На пр. тие одат по лентата наназад и повторно велат, дека ова е премногу тешко и дека не е за него. Кога ќе се совлада тој дел, се воведува друг елемент што е важен за развојот на детето. Родителите на таа широка лента ќе залепат маркери во боја (црвена, сина …) и велат дека тоа е само за големи, на пример кога ќе стигнат до црвениот маркер прават 2 клекови, кога ќе стигнат до синиот маркер, да се завртат во круг. Секако дека и детето ќе го стори тоа, но детето ќе помине 100 пати низ ходникот за еден ден, па ќе направи 200 клекови, 100 ротации. Ова може да изгледа како манипулација, но ако му кажеме на детето да оди по линијата затоа што е тоа добро за неговиот когнитивен и моторен развој, веројатно нема да го направи тоа. Жолт маркер (за 3 скока во место), зелен, портокалов, итн, може да се додадат подоцна.

Оваа и слични игри можете да најдете ТУКА.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]