Актуелни полемики: Зошто принцот ја бакнал Снежана без нејзина согласност?

Снежана, еден од најпопуларните ликови на Дизни, е нова мета на таканаречената култура на откажување бидејќи заплетот на анимираниот филм вклучува бакнеж на принц, кој се случува додека таа спие и „без нејзина согласност“. Дали и вие мислите дека треба да ги менуваме бајките или е доволно да ги научиме децата дека животот не е бајка?

0
154

Колку е извитоперен светот и луѓето во него, секој ден станува сѐ поочигледно, па откако детскиот јунак познат како господин Компирко, неодамна, како последица од родово неутралната трансформација, наместо господин стана само глава од компир, односно, стана родово неутрална играчка, сега, секако од други причини, во центарот на полемиките се најде и Снежана. Причината за ова е тоа што принцот ја бакнал без нејзина согласност.
Тематскиот парк Дизниленд во Анахејм, Калифорнија, е отворен деновиве за првпат по повеќе од 400 дена од почетокот на пандемијата на корона вирусот, а со него и новата содржина наречена „Маѓепсаната желба на Снежана“.

Но, на порталот SFGate наскоро е објавена рецензијата на Кејти Дауд и Џули Тремајн во која тие предупредиле на проблемот. Тие велат дека „вклучениот бакнеж што принцот ѝ го дава на Снежана без нејзина согласност додека спие,  никогаш не може да биде вистинска љубов ако само една личност знае што се случува“.

„Зарем веќе не се согласивме дека согласноста во раните филмови на Дизни е главен проблем Дека учењето на децата дека бакнувањето, кога не е потврдено дека двете страни се подготвени да учествуваат во него, е погрешно“, напишале тие во рецензијата.

„Тешко е да се разбере зошто Дизниленд би вклучил сцена во 2021 година со таква старомодна идеја за тоа што може мажот може да ѝ направи на жената“, додаваат тие.
Рецензијата предизвикала бес на социјалните мрежи и многумина ги обвиниле дека одат предалеку.

„Снежана сè уште ќе спиеше ако зависеше од лудаците и културата на откажување“, коментира корисникот Мет Мартин.

„Престанете да ги критикувате класиците поради кои сите сакавме среќен крај, соништа и можности за подобро“, вели една жена по име Ајлин.

„Родителите треба да ги научат децата на согласност, како и на разликата помеѓу реалниот живот и бајките. Јас пораснав со бајки и навистина ја разбрав важноста на согласноста. Дозволете им на децата да уживаат во магијата на бајките“, предупредила друга.

Дури и актерката Кристен Бел, која ѝ го позајми гласот на Ана во анимираниот филм Frozen, изјавила дека сериозно разговарала со децата за Снежана.

„Не мислите ли дека е чудно што принцот ја бакнува Снежана без нејзина дозвола? Не можете да бакнувате некого ако тој спие“, изјавила за списанието People 2018.

Од Дизниленд рекле дека „сакаат нивните гости да го видат потеклото и традициите што се рефлектираат во приказните, искуствата и производите со кои се среќаваат во интеракција со Дизни и затоа го поставиле ова како дел од содржината“.

Кога ние бевме деца, секако дека правевме разлика меѓу принцот и Снежана и децата од маало. Тоа што принцот ја бакнал Снежана без прашање го сфаќавме како давање живот, а не како насилство, а ако нечии умови се толку извитоперени за во се да бараат некои други лоши причини и последици, тогаш не е проблемот во бајките. Ако треба да ги смениме сите бајки за да ги пораснеме децата во нормални, емпатични луѓе, тешко на децата, тешко и на нас и на светов.

Фото: Јутјуб скриншот

loading...