Бела и розова бучава: Колку е сигурно да се користат при успивање?

Важно е да изберете бучава во која ќе уживаат и бебето и родителите. Можеби најпопуларниот „шум“ е звукот на океанот и морските бранови или звуците на дождот, затоа пронајдете уреди што ги вклучуваат вашите омилени звуци.

0
55

Советничка за родители објаснува како звуците помагаат да се смири и да заспие бебето, која е разликата помеѓу „белата и розовата бучава и одговара на најчестите прашања на родителите

Иако може да се најдат голем број причини за немирниот детски сон придружен со плачење, како што се грчеви, влажни пелени или глад, понекогаш дури и кога сè е под контрола, бебето едноставно не сака да спие. Но, истражувањата покажаа дека децата реагираат многу силно на звуците што можат значително да влијаат на нивното расположение, па дури и на спиењето.

Веројатно сте слушнале и сте користеле ’бела бучава‘ за смирување и заспивање на вашето бебе. Тоа е смирувачки, монотон звук што ги елиминира сите други звуци и на тој начин ви помага да заспиете. Овој популарен родителски метод на заспивање на малите бебиња сега доби наследник, т.н. ’розова бучава‘.

Елизабет Пентли, родителска советничка и авторка на книгата ’The No-Cry Sleep Solution for Newborns‘, ја објаснила магијата која се крие зад ’бучавата‘ што ги смирува и заспива бебињата, но и разликата помеѓу ’белата‘ и ’розовата бучава‘:

Што е тоа ’бела бучава‘?

Станува збор за нејасен шум во заднина, како што се звукот на дроновите, брмчењето на моторите или тивкото шепотење на група луѓе – тоа е бучава што содржи мешавина од сите еднакво распределени звучни фреквенции. Тие создаваат необичен шум кој служи за блокирање или неутрализирање на несаканите заднински звуци. Тоа е звук на кој не се фокусираме, но ги прекрива сите други звуци во собата.

Што е ’розова бучава‘?

Од друга страна, ’розовата бучава‘ е варијанта на ’бела бучава‘ што произведува длабоки, богати и монотони звуци. Совршени примери на ’розова бучава‘ се звуците на отчукувањата на срцето, звуците на морските бранови, чукањето на капките дожд или шушкањето на лисјата на дрвјата.

Заради сите овие разлики, родителскиот советник истакнува дека ’розовата бучава‘ е понежна за ушите и подобра опција за смирување и заспивање на бебето.

Дали е безбедно да се користи ’бучава‘ кога бебето спие?

Да, белата / розова бучава е безбедна за бебето ако земете предвид неколку работи. Прво, обрнете внимание на јачината на звукот. Идеалната јачина е приближно еднаква на звукот на вода во кабина за туширање. Се што е погласно од тоа може да го оштети чувствителниот слух на новороденчето. Поставете ја главата таму каде што спие бебето за да бидете сигурни дека јачината на звукот е пријатна.

Друга важна работа е да се постави изворот на бучава на безбедно растојание од бебето, а тоа е неколку чекори од бебето, на пример, на ноќната масичка или на комодата кои се наоѓаат спроти креветчето каде што спие бебето.

Кои се најдобрите извори на ’бучава‘ што можам да ги користам?

Бидејќи се повеќе родители ја откриваат убавината и придобивките од ’белата и розовата бучава‘ за смирување и заспивање на бебето – постои и се поголем избор. Можете да најдете кадифени играчки кои имаат механизми за производство на бучава внатре, уреди како часовници за на маса и разни ЦД-а. Проучете ги звуците што ви се пријатни и изберете уред што не се исклучува автоматски бидејќи овие звуци можат да се користат дури и во текот на цела ноќ.

Дали ’бучавата‘ ќе им пречи на родителите?

Добрата вест е дека повеќето луѓе сметаат дека ’розовата бучава‘ е изненадувачки релаксирачка. Веројатно ќе ви треба една недела или две да се навикнете, но штом ќе се навикнете – едноставно ќе се вклопи во вашата рутина за спиење. Меѓутоа, ако еден од родителите не може да се навикне на звукот, држете го изворот на бучава на другата страна на собата и намалете ја јачината на звукот. Важно е да изберете бучава во која ќе уживаат и бебето и родителите. Можеби најпопуларниот „шум“ е звукот на океанот и морските бранови или звуците на дождот, затоа пронајдете уреди што ги вклучуваат вашите омилени звуци.

Фото: Unsplash

loading...