Бојата на костимот за капење на вашето дете може да му го спаси животот

Конечно пристигна потоплото време. Ова значи дека луѓето почнуваат да се снабдуваат со креми за сончање, полесна облека и други потрепштини за да уживаат во сонцето. Кога одите да купувате костим за капење за вашето дете, покрај големината, обрнете внимание и на бојата.

0
130

ALIVE Solution Inc. спровеле тестирање во езеро и на базен со бело дно. Откриле дека и во двата случаи неонските бои биле полесно видливи под вода. И можеби ќе бидете изненадени од тоа што се случува со другите бои. Имено, при тестирање во езерото, тие практично исчезнале под водата.

„Симулиравме поглед од брод или од пристаниште или од малку издигната перспектива. Неонските бои, како розовата, портокаловата и жолтата, се истакнувале под површината на водата, додека белата и светло сината биле скоро невидливи за око“, објасниле од ALIVE Solutions.

Тие додаваат дека, иако потемни бои се забележуваат на светлото дно на базенот, во езерата или реките може да биде тешко да се забележат поради сенките, лисјата, камењата и друго.

„Затоа, држете се подалеку од нив секогаш кога е можно. И запомнете, светлите и контрастни бои ја зголемуваат видливоста на вашето дете под вода, но тоа не е важно толку колку што е важно внимателно да го следите и активно да го набљудувате вашето дете“, додаваат тие.

Од Американскиот Црвен крст секогаш препорачуваат едно лице да ги надгледува децата. Експертите велат дека трагедии може да се случат кога групи возрасни претпоставуваат дека некој друг гледа. Болницата во Флорида бележи пораст од 600 проценти кога станува збор за давење во споредба со истиот период минатата година. Повеќето случаи се однесуваат на деца на возраст под три години.

Фото: Unsplash

loading...