„Ве молам, не пушете во близина на моите деца“

Сакам да бидам јасна: не мислам дека пушењето ве прави лоша личност или лош родител. Сите разбираме дека луѓето имаат различни навики и пороци и секој има целосна слобода да одлучува за себе. Но, едно нешто барам од вас; не правете го ова во близина на вашите деца. И не правете го тоа во близина на моите деца.

0
232
Фото: Unsplash

Пушењето цигари е штетна навика со која пушачите го загрозуваат своето здравје, но и здравјето на околината. Иако бројни студии ги докажаа штетното влијание на пасивното пушење врз респираторниот систем на децата, факт е дека значителен број родители ги изложуваат своите деца на ваква пасивна форма на пушење и вдишување штетен чад од тутун.

Родителите непушачи, исто така, се соочуваат со проблемот на пасивно пушење и изложеност на тутунскиот чад на нивните деца во јавност. Не постои човек кој е отпорен на пушењето, тоа им штети на сите. Пасивното пушење на децата е многу сериозен јавен здравствен проблем. Токму Кејти Бингам-Смит, мајка на три деца, искрено проговорила за овој проблем.

„Секое утро среќавам татко кој го носи својот 8-годишен син на училиште држејќи го за рака додека пуши цигара во исто време. Секој ден. И секој ден кога ќе го видам доаѓам во искушение да ја застанам колата и да вреснам! Додека пуши цигара толку опуштено пред детето, зарем не може да почека неколку минути додека не го остави детето на училиште?

За жал, неговото дете нема избор – бидејќи возрасен треба да го донесе на училиште. Но, што е со другите деца, кои го гледаат секој ден како тој ноншалантно пуши и издишува чад, како тоа воопшто да не ги засега сите луѓе околу него.

Сакам да бидам јасна: не мислам дека пушењето ве прави лоша личност или лош родител. Сите разбираме дека луѓето имаат различни навики и пороци и секој има целосна слобода да одлучува за себе. Но, едно нешто барам од вас; не правете го ова во близина на вашите деца. И не правете го тоа во близина на моите деца. Всушност, не правете го тоа во близина на некој што не сака да вдишува чад од цигари и мирис на пепелник.

Запрашајте се: кога уживате во алкохолен пијалак на крајот од денот, дали му нудите малку на вашето дете? Сигурна сум дека не. Тоа е затоа што за децата овој пијалак би претставувал опасност. Не се разликува пушењето во близина на деца кои го дишат загадениот воздух. Не само што чадот од цигарите може да предизвика разни здравствени проблеми кај децата и возрасните, туку и никотинот и другите хемикалии кои се задржуваат на облеката и другите предмети се навистина опасни по здравјето.

Ќе помислите дека се подразбира дека не треба да пушите пред продавница, болница или кое било друго јавно место, особено на места каде што се присутни мали деца кои буквално го вдишуваат отровот што го издишувате. Но, очигледно некои пушачи не се запознаени со научните истражувања кои укажуваат на здравствените ризици од пасивното пушење. Во една статија објавена во The Toronto Star беа презентирани и дополнителни факти за штетноста на пушењето пред децата: кога децата гледаат како возрасните пушат, тоа го нормализира и сензибилизира нивниот однос кон цигарите и пушењето.

Иако се обидуваме да ги предупредиме нашите деца за штетното влијание на пушењето, нашите напори паѓаат во вода кога постојано гледаат како другите луѓе лежерно консумираат цигари. Да, ваше право е да пушите. Но, ве молиме направете го тоа на места каде што нема многу луѓе и деца. Само не дозволувајте другите, особено децата, да ги трпат последиците од вашите постапки“.

Текстот е од ТУКА.

[better-ads type='banner' banner='999' ]