Во писмо до родителите 9-годишно дете објаснува зошто на децата им треба џепарлак

Мислам дека децата треба да добијат џепарлак, а причините се следниве, пишува едно деветгодишно момче во писмото до своите родители. Откако неговата мајка го објави писмото на социјалните мрежи, тоа ги насмеа и ги воодушеви луѓето ширум светот. Дали вие им давате џепарлак на своите деца?

0
128

Децата ќе сторат сè за да ги намолат родителите за џепарлак, а тоа едно деветгодишно дете го направи на многу мудар начин. Неговата мајка го објавила на социјалните мрежи писмото што им го напишал и во кое се обидел да им објасни на своите родители зошто треба да му дадат џепарлак.
„Почитувани Кајл и Пол, мислам дека децата треба да добијат џепарлак затоа што тоа има повеќе придобивки отколку недостатоци. Пишувајќи го ова писмо, се надевам дека ќе ве убедам.

Моите причини се следниве – цврсто верувам дека децата треба да добијат џепарлак затоа што тоа ќе ги научи за вредноста на парите. Давањето џепарлак ги учи на одговорност, а би престанале и да досаѓаат. Верувам дека давањето џепарлак ја поттикнува независноста и одговорноста. Ве молам, разгледајте го ова. Со почит, Џозеф“, пишува момчето.

Рачно напишаното писмо заработи повеќе од 2.000 лајкови на Фејсбук, а многумина се воодушевени од идејата на момчето.

Дали вие им давате џепарлак на своите деца?

Фото: Фејсбук

loading...