Дали би му ваделе на вашето дете пуканка заглавена во носот со правосмукалка?

Советуваме во таков случај, сепак да не експериментирате туку да побарате стручна помош

0
67

Децата се по природа многу љубопитни и затоа секогаш треба да се внимава, но понекогаш е невозможно да се спречат инциденти. Едно љубопитно девојче си пикнало пуканка во ноздрата и нејзините родители не можеле да ја извадат. Во такви ситуации, најдобро е да одите да побарате итна помош, но во случајов, таткото на девојчето одлучи да проба уште една работа и да ѝ помогне на својата ќеркичка.

На TikTok беше објавено видео во кое таткото става сламка на правосмукалката и ја става својата ќерка во скут. Потоа следува „операцијата“ на вадење на пуканката.

„Ќерка ми пикна пуканка во ноздрата, па дојдов до генијална идеја да залепам сламка за правосмукалката“, пишува тој.

Иако на почетокот таа е немирна, спасувачката операција била успешно изведена.

„Заштедивте 711 долари“, коментира една жена која завршила на Итна медицинска помош со својот син за слична работа. „Толку беше сметката што ми ја испорачаа“, додава таа.

Сепак, некои предупредуваат дека таквиот подвиг е доста опасен.

Без оглед на сметката, во такви ситуации сепак е најдобро да побарате стручна помош. Иако оваа приказна, за среќа, доби среќен крај, можеше и да не биде така.

Фото: ТикТок

[better-ads type='banner' banner='999' ]