Дали знаете што е тоа токсична мајка?

Повеќето луѓе во поимот мајка гледаат пожртвувана жена со безусловна љубов, која ќе направи сѐ за сопствените деца. Но, не се сите мајки такви

0
599

Обично кога ќе се каже мајка, сите си замислуваме пожртвувана жена со безусловна љубов кон своите деца која прави сѐ за да ги изведе на вистинскиот пат, откажувајќи се патем од сѐ  и сешто.

Сакаме да мислиме за мајките како за жените кои го чуваат овој свет од исчезнување, како за прекрасни и пожртвувани жени, но дали е тоа секогаш случај?

Како деца, ние „разбираме“ што се случува во нашето семејство, што е кажано и поради што, но не секогаш затоа што е тоа навистина така, туку затоа што мајките ни сервирале објаснување кое сметале дека е соодветно за нас.

Затоа не е чудо што многу деца пораснуваат верувајќи дека секое однесување и однос кои ги гледаат во семејството, дури и оние токсичните, деструктивни или насилни, се нормални.

Како деца веруваме дека сите семејства се како нашето, а дури многу подоцна  сфаќаме дека тоа не е така.

Еве неколку типични обрасци во однесувањето на токсичните мајки:

Набивање на чувство на вина и срам

Ова однесување почнува со зборовите: „Ти секогаш …“ или „Ти никогаш…“ и силно се врежуваат во свеста на детето. Во главата на детето тоа станува и лична критика, глас кој постојано повторува, обвинува и ги истакнува грешките, а пофалбите ги избегнува.

Улога на жртва

Многу мајки всушност играат улога на жртви, а децата не се свесни за тоа.

Токсичната мајка постојано го потсетува детето колку е неблагодарно, а реченицата обично ја завршува со: „После сѐ што направив за тебе“.

Ваквото однесување живее во детето и кога ќе порасне, а мајката продолжува со својата токсична улога, особено ао детето сфатило за што всушност станува збор и се обидува да го ограничи контактот со мајката.

Игра на симпатии

Фаворизирањето на едно дете во семејството се случува во многу семејства.

Кога е мајката кон едно дете прекрасна, а кон другото токсична – го понижува, постојано го споредува со другото „добро“ дете истакнувајќи колку е тоа лошо- психолошките проблеми се загарантирани. Психолозите велат дека токсичните мајки се однесуваат вака за да ги контролираат децата, за да формираат помеѓу браќата и сестрите таков однос каков што тие сакаат и манипулираат за децата постојано да имаат потреба занејзината поддршка и пофалба.

Ако станува збор за единец, ниту тоа дете не е „спасено“ – постојано ќе биде споредувано со ќерката од сосетката, со братучедот…

Пасивна агресија

Мајката може да изрази пасивна агресија кон детето индиректно, на пример, преку грди коментари за таткото во присуство на детето.

Развојот на детето е директно поврзан со начинот на кој родителите се однесуваат еден кон друг и кон другите членови на потесното семејство и токму затоа родителите имаат огромна улога во тоа какви луѓе ќе станеме кога ќе пораснеме. Ако е детето сведок на грубости, вербален бес, казнување со тишина, големи се шансите детето да развие слични пореметувања во однесувањето во просек од 8.до 10.година. Како што растат повеќето од децата ќе се претвараат полека во родителот насилник, станува пасивно агресивно. На него се пренесува сето она на што присуствувало и што всушност го оформило неговиот поглед на свет. Ете објаснување зошто синовите на насилниците растат во насилници, децата на алкохоличари во алкохоличари…

Психолошка манипулација

Да се манипулира детето е едноставно, зашто родителите се неспорен авторитет на кој децата се угледуваат и веруваат во сѐ што кажуваат.

Она за што родителите се несвесни е колку е манипулацијата трауматична за децата, зашто детството е период кога е важно да научиме да им веруваме на сопствените мисли и чувства и да ја изградиме способноста за разбирање на другите луѓе.

Понижување и исмејување

Мајките со изразена потреба за контрола или со особини на нарцис често се склони кон исмејување на чувствата или размислувањето на детето. Ги исмеваат и понижуваат децата и со зборови, гестикулации и имитирање, и така уште во детството ги убиваат нивната самодоверба и самопочит.

Жртвено јагне

Кај токсичните мајки обично едно дете (или само дете) за сѐ е виновно и за сѐ казнувано, без оглед дали е навистина виновно или не. Таквите деца во детството почнуваат да веруваат дека се вишок каде и да се појават, заради што во периодот на адолесценцијата полесно се вртат кон психоактивни супстанции, алкохол и друго деструктивно однесување.

Тишината како најлоша казна

cghcfyjut тоа е израз на максимален презир. Дури и возрасните го доживуваат тоа многу болно и понижувачки, а кога станува збор за деца, ваквото однесување целосно ги уништува, особено ако доаѓа од родителите.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]