Дали после карантинот поради коронавирусот следува нов бејби бум?

Вообичаен расплет на настаните. Девет месеци откако некој или нешто ќе ги натера луѓето да се повлечат во своите домови и да не излегуваат, стапката на наталитетот нагло се зголемува.

0
806

Без разлика дали станува збор за природна непогода, војна или пандемија како оваа што моментално го тресе светот, луѓето кои се принудени да се повлечат во своите домови и да не излегуваат, како резултат има зголемување на стапката на наталитетот.

Прашањето е дали глобалната пандемија предизвикана од вирусот КОВИД-19 ќе има ист ефект врз населението. Ова ќе го знаеме на крајот на годината кога би можеле да се родат еден куп Стрелци зачнати во време кога нивните родители работеле од дома. Ова на многумина им звучи веројатно, иако секако нема никакви статистички податоци кои би можеле да ја поддржат таа теорија.

Еден од оние што веруваат во ова сценарио е докторот од универзитетот  Ohio State, Мајкл Чачковиќ, кој е специјализиран за пренатална медицина. Според него, има многу материјали кои покажуваат дека подолг присилен престој во затворен простор (стан, куќа) доведува до зголемување на наталитетот. За жал, кај научни извештаи на оваа тема, статистиката варира и не е доследна.

Во интервју за порталот „Ромпер“, Чачковиќ изјавил дека има неколку фактори кои би можеле да придонесат во вакви периоди повеќе жени да останат бремени, а за еден од главните ја смета зголемената сексуална желба што се развива кај луѓето кои се принудени да бидат во изолација.

Сепак, ситуацијата е малку поинаква со вирусот КОВИД-19. Засега, не станува збор за закана што би ги парализирала поголемите области во светот и повеќето луѓе сè уште функционираат нормално. Значи, не е можно да се даде дефинитивен одговор на ова прашање. Од друга страна, она што не треба да не изненади, е ако на крајот на 2020. и почетокот на 2021. година, нагло порасне бројот на новородени бебиња.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]