Дали сте премногу попустлив родител?

Звучи банално, но од силна желба да му обезбедиме на нашето дете сè на светот, забораваме дека е потребно да му се објасни дека сè има свое време, место и што е најважно – дека постојат граници. На овој начин, на детето му се укажува дека светот не се врти околу него, што е најлошото нешто со кое може да порасне.

0
174

Речиси и не постои родител кој не си го поставил себеси прашањето – дали сум премногу попустлив кон своето дете?

Главната причина за тоа е стравот на родителите да не воспитаат разгалено дете, со кое никогаш нема да можат да излезат на крај кога ќе биде малку постаро. Меѓутоа, колку и да се трудат, да се консултираат со експерти и да читаат литература на оваа тема, како да не можат да се договорат сами со себе – дали се премногу попустливи кон своето дете.

Ниту еден родител не сака да има непријателски односи со своето дете.

Меѓутоа, пријателскиот однос е многу неблагодарен кога е присутен помеѓу родителите и детето, затоа што детето тогаш не ве смета за авторитативна личност. Потребно е со детето да изградите таков однос во кој тоа ќе ве смета за личност на која може да се угледа , на која може да ѝ се верува и со која може да разговара за сè.

Знаеме, звучи лесно, но во пракса е тешко изводливо. Соочени сме со две крајности. Едната се однесува на строгоста по прашањето на воспитувањето на детето, а другата е полна со стравови да не го уништиме за цел живот ако му го покачиме тонот. Ако се согласувате со повеќето психолози, наставници и други одговорни лица кои тврдат дека методите на казнување што некогаш биле широко користени не се баш толку ефектни, па дури и имаат спротивен ефект, тогаш сте веројатно во таа некаква сива зона.

Тоа се манифестира со страв да не прејдете на територија во која детето станува шеф а вие се обидувате да ја повратите власта. Како се преминува оваа замислена линија? Кривата е всушност љубов. Звучи банално, но од силна желба да му обезбедиме на нашето дете сè на светот, забораваме дека е потребно да му се објасни дека сè има свое време, место и што е најважно – дека постојат граници. На овој начин, на детето му се укажува дека светот не се врти околу него, што е најлошото нешто со кое може да порасне.

Задачата на родителите е да сфатат дека тие се задолжени за обликување на толку мала и кревка личност како што е нивното дете. Тоа ќе ве тестира, ќе ве извади од такт многупати, ќе си игра со вашата трпеливост и ќе ги поместува границите што сте му ги поставиле. Додека учат каде се границите, родителот мора да остане доследен на себе. Една иста одлука донесена денес мора да важи и утре, инаку детето ќе добие сосема нејасна слика за тоа што смее, а што не смее да прави.

Примерите подолу ќе ви помогнат да процените дали сте премногу благи со вашите деца:

Ако вашето дете плаче на цел глас и се валка по подот кога нешто му забраните, тоа е сосема очекувано за она дете кое има до три години. Меѓутоа, ако го прави тоа и на 6-годишна возраст, тоа значи дека не сте му ставиле доволно јасно на знаење каде се границите.

Ако вашето дете не знае да се дружи со други деца без да управува со ситуацијата, знајте дека премногу сте му оделе по ќеф.

Ако вашето дете е секогаш незадоволно и луто

Ако има премногу играчкиа не си игра со нив и секогаш бара уште

Ако сте забележале дека има повеќе килограми од тоа што е нормално за неговата возраст, ова е јасен показател дека премногу пати сте му одобриле замена на здравите оброци со слатки

Ако тој не прави ништо самостојно и очекува вие да му ги собирате играчките

Сето ова се работи со кои можете да се изборите ако навистина бидете решени. Имајте на ум дека не постојат совршени родители, само такви кои константно се трудат да бидат што е можно подобри.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]