Дали сте уморни од стискање на нозете секогаш кога ќе ви дојде да кивнете?

Женската инконтиненција е табу тема за која жените се срамат да зборуваат, иако се уморни од стискање на нозете секогаш кога ќе се накашлаат или ќе кивнат и се молат мочниот меур да не ги издаде среде улица. Дали е ова нешто за што би сакале да зборувате и да се смеете со пријателките или сте дојдени до точка кога вашата инконтиненција повеќе не ви е смешна?

0
195

Многу жени се срамат да зборуваат за инконтиненција со партнерот, најчесто е тоа тема за која се смеат со пријателките, а често почнуваат да избегнуваат вежбање и секс.

Доаѓањето на долгоочекуваното дете е најсреќниот настан во животот на жената, но за некои мајки, породувањето е толку емоционално и физички трауматично што остава последици за цел живот.

Според едно истражување, на третина од жените (33 проценти) кои развиваат постпартална уринарна инконтиненција им е непријатно да зборуваат за тоа со партнерот, а речиси на половината (46 проценти) им е непријатно да зборуваат за тоа со пријателите.

Бидејќи жените не бараат помош, тие се чувствуваат осамено и изолирано, што негативно влијае на нивните односи и на работата, а поради овој проблем избегнуваат вежбање и сексуални односи.

Почеста кај жените кои раѓаат вагинално

Стареењето, дебелината и породувањето го зголемуваат ризикот, а финските истражувачи откриле дека жените кои раѓаат вагинално имаат поголеми шанси да развијат уринарна инконтиненција отколку жените кои раѓаат со царски рез. Се претпоставува дека перинеалниот засек е исто така можна причина за инконтиненција.

Вагиналното породување ја зголемува можноста за развој на стресна уринарна инконтиненција која е почеста кај жени кои родиле повеќе од еднаш. Стресната инконтиненција најчесто се јавува при кивање, кашлање, смеење и кревање тегови, а жените немаат нагон за мокрење.

Вториот вид е ургентна уринарна инконтиненција, која вклучува силна и ненадејна потреба за мокрење. И кај неа истражувачите исто така дошле до заклучок дека можноста за развивање е поголема при вагиналното породување.

За среќа, повеќето случаи на уринарна инконтиненција може да се третираат без лекови или операции, преку вежби кои ги зајакнуваат мускулите на карлицата, и кои се лесни за изведување.

Кегеловите вежби спречуваат инконтиненција

Дното на карлицата се состои од неколку слоеви на мускули кои слабеат со тек на годините, за време на бременоста и по породувањето, што може да доведе до проблеми како што е инконтиненција. Кај жени кои се породиле неколку пати, мускулниот тонус е ослабен и со тоа се нарушува функцијата на мокрење, почесто се јавува воспаление на уринарниот тракт, па дури и на органите (пред се, на матката). Некои од овие нарушувања може да се спречат со изведување на Кегелови вежби.

„Кегеловите вежби главно влијаат на целата таканаречена карлична дијафрагма. За нормален сексуален живот, неопходен е целосен интегритет на карличните органи и мускули, и секое нарушување сигурно го влошува сексуалниот живот, како и обратно. Олеснувањето на породувањето е секако значајна предност на таквите вежби.

Како се изведуваат Кегеловите вежби?

Легнете на грб, настрана или на стомак, со раздвоени нозе и опуштени
гради. Стиснете ги мускулите и вовлечете го долниот дел од карлицата. Треба да почувствувате како се затегнуваат страничните мускули, а внатрешните физиолошки пролази стануваат напнати. Фокусирајте се на предните мускули, околу уретрата и вагината
Ставете ја раката над срамната коска и подигнете го горниот дел од телото кон раката како да го стегате родилниот канал. Држете ја оваа позиција 2-3 секунди, а потоа вратете се на почетната позиција и опуштете се целосно. Повторете ја вежбата
Мочниот меур треба да се испразни пред вежбањето.

Фото: Unsplash

loading...