Дали треба да ги бакнувате децата во уста?

Дејвид Бекам повторно ги разгневи луѓето со видео во кое ја бакнува својата ќерка во уста. Што мислите вие за ова, ги бакнувате ли своите деца во уста?

0
341

Викториjа и Дејвид Бекам веќе неколку пати досега предизвикаа дискусии и полемики разменувајќи бакнежи во уста со своите деца.

Во расправите предизвикани со нивното разменување на нежности со нивните деца, најмногу се истакнуваа оние на кои тоа им пречеше, но ништо од ова не ги наведе Бекамови да си ги сменат своите навики.

Така, поранешниот фудбалер и вчера на својот Инстаграм профил сподели видео во кое ја бакнува својата ќерка Харпер во уста, а за многу е спорен фактот што неговата ќерка повеќе не е мало бебе, туку осумгодишно девојче.

Исто така, многумина забележале дека нивниот бакнеж трае неколку секунди, што според мислењето на поединци е сепак предолго.

Дури и стручњаците имаат поделени мислења за тоа дали треба со децата да се разменуваат вакви нежности. Од една страна, детскиот психолог и авторка на книгата „Силата на фантазијата на вашето дете“ Шарлот Резник, прокоментирала за The Sun дека бакнувањето во уста може да биде збунувачко за децата. Токму таа била и еден од најгласните критичари на ваквото однесување на Бекамови.

„Кога детето ќе наполни 5 или 6 години, почнува да биде сексуално освестено, па бакнежот во уста може да му делува симулирачки. Можеби луѓето не сакаат да го слушнат тоа, но усните се ерогена зона па со самото тоа овој чин е поврзан со сексуално возбудување“, го објаснила таа својот став. Од друга страна, детскиот психолог д-р Фиона Мартин не се согласила со ова мислење.

„Тоа е убаво. Сѐ што ја поттикнува емоционалната поврзаност е добро. Сигурно не е непримерно да се бакне во уста своето дете“, изјавила Мартин во разговор за The Independent уште пред две години коментирајќи една од првите такви објави на Дејвид Бекам.

Фото: Инстаграм

[better-ads type='banner' banner='999' ]