Дали Фејсбук ве прави полоша мајка?

Социјалните мрежи се вовлекле во сите пори од нашиот живот и оние кои редовно ги одржуваат и ги прегледуваат своите профили не можат да издржат повеќе од два часа без да ги проверат нотификациите и пораките. Дали сте се запрашале како Фејсбук влијае вез вашето мајчинство и дали би биле подобра мајка доколку сте ја избришале апликацијата на оваа социјална мрежа од вашиот телефон?

0
93

Мора да признаеме дека социјалните мрежи за младите мајки на кои животот им се сведува на грижа за бебето и менување пелени, им се прозорец кон светот и начин да бидат во контакт со возрасни луѓе и сé додека не го занемаруваат своето дете, не се лоша работа. Но лошо е кога од секојдневна кратка занимација тие лесно стануваат опсесија.

Ако претерувате со постирање фотографии и статуси, коментирате сé што ќе објават вашите пријатели, а посебна сатисфакција ви се лајковите и позитивните коментари, можеби би требало засекогаш да го избришете својот Фејсбук профил.

Пристапот кон социјалните мрежи дополнително го олесниле и паметните телефони на кои можете да ја симнете апликацијата за Фејсбук, Твитер, Инстаграм и да ги користите во сите можни положби и ситуации, додека го храните бебето, додека лежите во кревет, додека готвите ручек. Токму тоа може лесно да ве одведе до тоа да станете зависни од социјалните мрежи и да ги занемарите сопствените деца.

Ако повеќе пати ви се случува детето да ви зборува додека вие скролувате по телефонот или не го слушате бебето дека плаче затоа што сте се замислиле или сте се задлабочиле во некоја преписка, можеби веќе сте ја преминале таа граница и време е нешто да преземете.

Како и кај секој друг проблем, прв чекор кон „излекување“ е признанието на самите себе дека проблем навистина постои. Запрашајте се што би се сменило толку драстично во вашиот живот ако ја избришете апликацијата на Фејсбук од вашиот телефон или ако го избришете профилот. Дали вашиот живот би изгубил од квалитет? Дали би биле тажни, дали не би знаеле што да правите со себе?

Веднаш да ви кажеме, ќе преживеете! Сетете се на животот пред социјалните мрежи, компјутерите, таблетите и паметните телефони. Се сеќавате ли како сте се забавувале и сте го трошеле времето пред да си направите профил на Фејсбук?

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]