Девојче со Даун, член на навивачка екипа, било отстрането од заедничката фотографија

Екипа на навивачки на Јута (САД) отстранила членка на нивниот тим, со Даунов синдром, од фотографијата објавена во училишниот алманах и на официјалната страница на Фејсбук, кршејќи ѝ го срцето.

0
292

Четиринаесетгодишната Моргин Арнолд едвај чекала да се фотографира со својот навивачки тим од средното училиште „Шорлајн“ и била возбудена кога алманахот бил конечно завршен. Но, тогаш го отворила и се разочарала бидејќи сфатила дека е објавена друга фотографија, на која не била таа.

„Дојде дома од училиште и ни го покажа алманахот. Ова е мојот тим, ова се моите пријатели, а јас не сум вклучена. Беше скршена“, изјавила сестрата на девојчето, Џордин Пол за Today Parents. Таа ги објавила на Фејсбук и двете фотографии и напишала: „На првата фотографија гледате симпатичен член на навивачки тим. Втората е слична, но не ги вклучува сите членови на тимот. Името на сестра ми не е ниту наведено помеѓу членовите на тимот. Таа не е вклучена на кој било начин. Помина часови учејќи танцови чекори, се појавуваше и навиваше за сите натпревари, и на крајот тие ја изоставија“.

Училиштето се извинило за овој настан и потоа ја деактивирало својата страница на Фејсбук.

Фото: Фејсбук

loading...