Дете завршило во болница заради популарна играчка, родителите бараат да се повлече од пазарот

Ќерката на Кристин Киенц во декември минатата година проголтала батерија што паднала од небезбеден детски таблет, кој нејзините родители ѝ го купиле на Амазон.

0
1033

„Веднаш ја однесовме во болница каде помина добар дел од месецот, од кој една недела на одделот за интензивна нега“, вели Кристин Киенц чија ќеркичка во декември минатата година проголтала батерија што паднала од небезбеден таблет за деца, кој нејзините родители ѝ го купиле на Амазон. Киенц, истакнува дека ако детето проголта батерија, последиците може да бидат фатални.

Тоа е играчка која наликува на таблет, а всушност е подлога за цртање. Батеријата е вметната за да може да произведува звуци и да свети, а на пазарот има и варијанти без батерии.

Семејството Киенц веднаш ги контактирало Амазон за да предупреди на опасноста што ги демне децата. Тие се надевале дека ќе ги заштитат другите од слични повреди, но производот останал на страницата.

„Се грижам за другите, па ја објавив нашата сторија на социјалните мрежи. Купив производ кој беше оценет со пет ѕвезди и бев шокирана заради тоа што е потенцијално смртоносен, како и заради тоа што тие ја одбиваат мојата негативна рецензија“, додава мајката.

Неодамна ја контактирала и друга жена, Гретчен, чиј син Колт исто така бил примен во болница откако проголтал батерија што испаднала од слабо обезбедениот оддел на спорната играчка.

„Нашите приказни се скоро исти. Таа исто така стапила во контакт со Амазон, но единственото нешто што се случило е што и понудиле картичка за подароци од 25 долари. Производот сè уште е на продажба“, вели Киенц.

Фото: Фејсбук

loading...