Децата би ни умреле во шума, гладни и жедни

Не дај Боже да не најде некој земјотрес. Би седеле и би чекале да дојдат „службите“ да го решат проблемот

0
227

Ми вели мојот постар внук (13):

„Тета, знаеш што да правиш ако се најде среде океан, а немаш вода за пиење?“

„Немам поим“.

„Ќе уловиш неколку риби и ќе им ги изедеш очите. Очите на рибите се полни со вода, а немаат сол“.

Го прашувам од каде го знае тоа, а тој вели дека научил на екскурзија.

Ученик е во машко средно училиште во Англија. На екскурзија биле во шума, спиеле во шатори, носеле кабаници и гумени чизми, пешачеле по сите временски услови. Имале вежба за спасување од авионска несреќа, се учеле на животни вештини и преживување во природа.

Научил од коноп, би рекла малку подебел, да исплете алка која на прв поглед делува како обична машка алка. Штосот е во тоа што во случај на нужда може да ја расплете и да добие метри и метри коноп, со кој може да го заврзе напаѓачот, откако ќе го совлада.

******

Порано машките одеа во војска, а сите заедно имавме ОНО и учевме да склопуваме и расклопуваме пушки. Нашите родители имаа вежби за цивилна заштита.

Денеска немаме ништо. Децата би ни умреле во шума гладни и жедни. Не дај Боже да не најде некој земјотрес. Би седеле и би чекале да дојдат „службите“ да го решат проблемот. Колкумина од нас би знаеле како се проверува дали повредениот смее да се помрдне? Колкумина од нас би знаеле да имобилизираат повредена рака или нога, да направат триаголна марама и да знаат како таа се користи? Колкумина од нас би знаеле да подврзат рана која крвари?

А за рибјото око, знаеше некој?

Извор: Детињарије

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]