Децата до две години не би требало да носат маска за лице

Стручњаците објаснуваат дека децата имаат мали дишни патишта и дека затоа постои опасност од гушење, па заштитата од коронавирусот може да донесе повеќе штета отколку корист

0
197

Додека многу владини службеници и медицински експерти ги советуваат луѓето да носат маски за лице кога излегуваат надвор за да го спречат ширењето на коронавирусот, педијатрите велат дека тоа може да биде штетно за бебињата.

Британскиот центар за контрола и превенција на болестите соопштил дека новороденчињата имаат мали дишни патишта, такашто маската може да направи повеќе штета отколку добро, а лекарите предупредуваат дека може да предизвика задушување.

Децата помлади од две години никогаш не треба да носат маски заради ризик од случајно задушување. Експертите објаснуваат дека децата имаат мали дишни патишта, особено доенчињата, затоа што немаат доволно сила да реагираат и да го спречат задушувањето во случај нивната маска за лице да им го оневозможува нормалното дишење.

Лекарите советуваат дека, ако морате да излезете надвор со вашето бебе, поставете го ќебенцето лабаво над автоседиштето или носилката за бебето, но не и врз бебето.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]