Децата кои „висат“ пред екраните имаат висок крвен притисок

Според истражувачите од Државниот универзитет во Мичиген, децата, без оглед на тоа што имаат малку години и немаат други здравствени проблеми, можат да добијат висок крвен притисок доколку поминуваат многу време пред ТВ.

0
93

Можеби звучи невозможно, но научниците откриле дека децата, без оглед на тоа што имаат малку години и немаат други здравствени проблеми, можат да добијат висок крвен притисок доколку поминуват многу време пред екраните, вклучувајќи го и играњето игри.
Експертите велат дека тоа дури нема никаква врска со дебелината, која генерално може да биде поврзана со нарушувањето на притисокот.

Истражувачите од Државниот универзитет во Мичиген спровеле студија меѓу 111 момчиња и девојчиња за да ја испитаат оваа врска. Се покажало дека кај децата кои поминуваат повеќе од три часа на ден пред ТВ, систолниот крвен притисок е повисок до 7 mm Hg отколку кај оние кои во просек гледаат телевизија само десет минути на ден.

Повеќе од три часа пред телевизорот носи и дебелина.

„Тоа е навика што има долгорочни последици по здравјето“, посочува д-р Џо Ајзенман, еден од водачите на истражувањето. „Затоа е обврска на родителите, за доброто на срцето на децата, да го ограничат времето поминато пред екранот на најмногу два часа со задолжителен час на интензивна физичка активност што ќе ги активира и ќе ги размрда.

Ситуацијата дополнително се влоши откако мобилните телефони станаа составен дел од животот на децата, што го прави нивното здравје уште позагрозено. Ова е особено точно за малите зависници од Интернет, кои денот го започнуваат со отворање апликации, а го завршуваат со уште една видео игра во низот. Експертите апелираат дека на тој начин децата не ги „трошат“ само очите, туку општата здравствена состојба.

Фото: Pixabay

loading...