Децата на училиште се мини издание на своите родители

Зошто детето се однесува се однесува на одреден начин - на наставниците им станува јасно веќе после првиот родителски состанок.

0
118

Родителите генерално мислат дека знаат што се случува со нивното дете на училиште, почнувајќи од моментот кога детето ќе влезе во училиште, до моментот кога ќе пристигне дома.

Меѓутоа, домашните и училишната работа, одморите, контролните задачи и други работи поврзани со наставата се само еден дел од сериозната процедура за социјализација и растење низ која поминува едно дете заедно со неговите соученици.

Што навистина се случува во текот на времето што децата го поминуваат на училиште, напишала една наставничка во следните девет објаснувања.

1. Децата ги носат своите родители на училиште во мини издание – без разлика дали е тоа добро или лошо.

Зошто детето се однесува се однесува на одреден начин – на наставниците им станува јасно веќе после првиот родителски состанок.

Децата носат на училиште многу квалитети што се стекнуваат дома: тимска работа, работни навики, домашно воспитување, но исто така и проблеми на кои често наидуваат и наставниците и пријателите на детето. Иако родителите можат брзо да ги заборават, утринските расправии и нервозата може да го нарушат целиот ден на детето, особено на училиште.

2. Одморот за секое дете значи нешто различно.

Повеќето деца сакаат одмори, но има две различни причини за тоа. Додека една група деца едвај чекаат да ѕвони за да трчаат и да се дружат со пријателите, некои деца го чекаат ѕвончето за да се дружат со нивните наставници. Одморите се многу непожелни за децата кои немаат самодоверба и кои се борат за да создадат пријателства низ ходниците. Таквите деца ги поминуваат одморите сами, седејќи во училниците, чекајќи да заѕвони ѕвончето за почеток на часот.

3. Фактот дека децата прават некои работи дома не значи дека ги прават на училиште.

Родителите се многу често незадоволни од резултатите од тестовите и одговорите, и тврдат дека детето знаело одреден материјал дома.

Ова може да биде лажна слика за реалноста, а родителите треба да разберат дека она што детето го прави дома не мора да го прави и на училиште, токму поради нивното мешање. Родителите кои премногу им помагаат на своите деца со домашните задачи и учењето за тестови, му прават само контра-услуга на детето, бидејќи кога детето треба да го стори истото само на училиште – тоа не знае како.

4. Секое дете има своја улога меѓу соучениците.

Децата во класот имаат свои улоги, исто како и нивните родители во светот на возрасните. Овие улоги се доделуваат врз основа на однесувањето меѓу пријателите и на часот. Децата брзо учат кој е добар ученик, кој има лошо однесување, кој е секогаш нервозен … и тие се однесуваат соодветно. Наставниците исто така се однесуваат во согласност со главните карактеристики и улоги на децата: затоа тие често комбинираат добри и лоши ученици, повлечени и отворени, итн., со цел улогата на едниот да ги подобри улогата и карактеристиките на другиот.

На овој начин, децата имаат еднакви шанси да ги искористат своите улоги на најдобар начин.

5. Лошите работи не се секогаш толку лоши.

Училиштето не е само место за учење училишни материјали. Тоа е истовремено место за социјализација и место каде децата стануваат луѓе. Децата можат да бидат многу сурови затоа што сè уште не разбираат одредени работи и затоа често се случува некои од нив да бидат повредени и навредени. Овие непријатни ситуации се идеални за детето да научи како да се брани, да реагира и да најде адекватен начин да си помогне.

6. Некои деца едноставно процветуваат кога родителите ќе ги остават на училиште.

Само затоа што вашето дете е срамежливо и повлечено дома, не мора да значи дека се однесува така на училиште. Некои деца буквално се трансформираат во сосема различни деца кога нивните родители не се во близина. Најчесто тоа се случува со деца кои се многу тивки дома, додека на училиште нивните родители не би ги препознале.

7. Има многу повеќе среќа во училиштата отколку што претпоставувате

И покрај силното учење, агонијата поради тестовите и испрашувањата, за многу деца училиштето е прекрасно место за престој. И покрај сите наставни обврски, децата многу се смеат и си играат на училиште, учат да бидат добри пријатели и да соработуваат. Можеби ќе дојдат дома нервозни заради домашната работа или некое лошо дете, но тоа не значи дека не се смееле многу во текот на денот поминат на училиште.

8. Веројатно мислите на нив многу повеќе отколку што тие мислат на вас.

Одделувањето од родителите за некои деца (дури и за родителите) може да предизвика солзи, но децата на училиште забораваат на тагата, буквално додека солзите не им се исушат на образите. И додека родителите размислуваат цело утро: што е со детето, како е, дали ќе може, дали ќе знае … детето мисли на родителот само кога ќе дојде да го земе од училиште. Значи, ако вашето дете е сериозно хистерично кога оди на училиште, шансите дека ќе се однесува така за време на часовите се минимални.

9. Наставникот има најдобри намери во своето срце – без оглед на што ги научи.

Повеќето наставници кои го учат вашето дете му се посветени исто како и вие. Иако понекогаш се чини дека престојот на детето во училиште е губење време, треба да му верувате на наставникот дека вашето дете сепак ќе донесе нешто добро од училиште, всадено во неговото знаење, без оглед што тоа не е исто како кога вие сте оделе на училиште Ако некогаш ви се чини дека детето од училиште донело смешно лесна задача, верувајте дека е тоа затоа што наставникот се обидува на кој било начин да му даде шанса на вашето дете да научи нешто.

Фото: Freepik

loading...