Диносаурусите не изумреле – се криеле во Скопје (ГАЛЕРИЈА)

За сите оние кои сакаат да се впуштат во нови и возбудливи авантури, да дознаат нешто повеќе за неверојатниот свет на диносаурусите и имаат желба да видат како изгледале Тираносаурус, Стегосаурус и Алосаурус во природна големина, од денес ќе имаат прилика тоа да го искусат и да го доживеат.

0
396

Дино паркот, лоциран веднаш до скопската зоолошка градина е официјално отворен за посетители. На површина од 2000 квадратни метри има 41 реплики на диносауруси од креда и јура периодот, од кои дел се во природна големина со синхронизирани движења, а испуштаат и звуци. Дополнително во Дино паркот се направени и придружни елементи – патеки, зеленило и дел за одмор.

Ова е првиот Дино парк на Балканот каде што има толкав голем број фигури од праисториски животни, како и едукативни содржини за секој од различните видови животни, а направена е и едукативна апликација која може да се плати онлајн, па во моментов ова е првата дигитализирана зоолошка и прв дигитализиран Дино парк во регионот. Токму поради тоа градските власти очекуваат Дино паркот да прерасне во туристичка атракција која заедно со зоолошката градина ќе ја збогати туристичката понуда на градот.

За сите оние кои сакаат да се впуштат во нови и возбудливи авантури, да дознаат нешто повеќе за неверојатниот свет на диносаурусите и имаат желба да видат како изгледале Тираносаурус, Стегосаурус и Алосаурус во природна големина, од денес ќе имаат прилика тоа да го искусат и да го доживеат.

Дино паркот има два влеза, еден од внатрешноста на Зоолошката градина и уште еден од страната на Градскиот парк, а билетот ќе чини само 50 денари.

Фото: PS Visualart

loading...