Добредојдовте во Холандија!

Често ме прашуваат да го опишам моето искуство за одгледување дете со пречки во развојот - да се обидам да им помогнам на луѓето кои го немале тоа единствено искуство да го разберат, да замислат како би се чувствувале. Вака изгледа…

0
187

Чекањето бебе е како да планирате прекрасно патување – во Италија.

Купувате еден куп водичи и правите прекрасни планови. Колосеум. Давид на Микеланџело. Гондоли во Венеција. Можеби ќе научите некои нови корисни фрази на италијански. Сè е многу возбудливо.

По неколку месеци исчекување, тој ден конечно доаѓа. Ги пакувате куферите и одите. Неколку часа подоцна авионот слетува. Доаѓа стјуардесата и вели: „Добредојдовте во Холандија“.

„Холандија ???“ велите вие. „Како мислите во Холандија? Се пријавив за Италија! Би требало да бидам во Италија. Цел живот сонував да одам во Италија“.

Но, имаше промена во планот на летот. Авионот слета во Холандија и мора да останете таму.

Важно е дека не ве однесоа на страшно, ужасно или валкано место, полно со зарази, глад или болест. Тоа е само различно место.

И тогаш треба да купите нови водичи. И треба да научите сосема нов јазик. И запознавате сосема нова група на луѓе, кои инаку никогаш не би ги запознале.

Тоа е само различно место. Побавно е од Италија, помалку раскошно од Италија. Но, по некое време поминато таму, земате здив, погледнувате наоколу… и почнувате да забележуваш дека Холандија има ветерници…  Холандија има лалиња. Холандија дури го има и Рембрант.

Но, сите што ги познавате се зафатени со заминување и доаѓање од Италија… и сите се фалат дека си поминуваат прекрасно таму. И до крајот на животот ќе велите „Да, и јас требаше да одам таму“. Тоа е она што го планирав“.

И таа болка никогаш, никогаш нема да помине… затоа што губењето на тој сон е многу значајна загуба.

Но… ако го поминете животот тагувајќи затоа што не сте отишле во Италија, можеби никогаш нема да бидете слободни да уживате во многу посебни и прекрасни работи… за Холандија.

Авторката е Емили Перл Кингсли, писателка и членка на тимот на автори на детската радио емисија „Sesame Street”, мајка на Џејсон, млад човек со Даунов синдром и застапничка за правата на децата и возрасните со инвалидитет. Таа ја напиша приказната „Добредојдовте во Холандија“ во 1987 година.

[better-ads type='banner' banner='999' ]