Донеси ми жолта играчка и црвена маичка!

Родителите честопати се сомневаат дали нивното мало дете доцни со учењето на бои, што е всушност приказна и за когнитивниот развој во која спаѓа навременото именување на црвените и жолтите нијанси.

0
150

Ова се боите што треба да може да ги разликува тригодишно дете, бидејќи на таа возраст почнува да се развива неговата перцепција.

Затоа е тогаш сосема очекувано вашето дете да може да сортира играчки во жолта или црвена боја, да разликува нијанси на банана од нијанси на домат и слично. Кога му подавате некои предмети во тие бои, повторете на глас: „Ова е црвена маица“ или „Еве жолта играчка“.

Експертите велат дека веднаш потоа, тригодишното дете може да научи да именува зелена и сина боја, и само тогаш е подготвено да ги запознае и идентификува другите тонови. Но, само кога сте сигурни дека ги научил овие четири бои, можете да започнете да го запознавате со другите и на тој начин да работите на развој на неговата перцепција.

Многу е важно да не брзате со тоа, бидејќи малото дете прво мора да се фокусира на основните бои, за да може да се вклучи во препознавање на другите.

За да го направите учењето поинтересно и без стрес, воведете го во текот на играта, па сортирајте ги играчките по боја со детето, користете пластелин, цртајте, бојте, направете овошна салата по нијанси. Ова може да биде многу забавно и воедно, да ве релаксира.

Фото: Freepik

loading...