До осмата неделна бебињата имаат опавче, а до раѓањето – мустаќи

Дали знаевте какви невообичаени промени поминува бебето во стомакот од недела во недела од бременоста?

0
272

Во стомакот на мајката се случуваат неверојатни промени на фетусот од моментот на зачнување до раѓањето.
Човечкото тело е чудесно и способно за неверојатни работи. Сепак, она што одново и одново не фасцинира е можноста да се создаде нов живот и начинот на кој се случува оплодувањето, како и начинот на кој фетусот се развива во матката. Еве што се случува со бебето од зачнувањето до раѓањето.

1. Првиот ритам на срцето започнува во 5-та недела од феталниот живот, а целото срце е со големина на врвот на шпенагла. Во текот на 5 недели, срцето нараснува милиметар до два.

2. Во 9-тата недела, фетусот почнува да ја отвора устата, полека се развива рефлексот за хранење и цицање, а во 3-от месец, фетусот веќе може да цица.

3. Во 6-тата недела, бебето е со големина од 6 мм и сè уште има опавчест дел, сè до 8-та недела.

4. И фетусите мочкаат. Првпат тоа се случува околу 9-та недела од бременоста.

5. Сите фетуси имаат мустаќи, а тоа се меки влакненца што го покриваат целото тело од 15-та недела натаму, а особено се изразени во областа над усните. Исчезнуваат непосредно пред раѓањето. Сите цицачи имаат ваков вид на влакна додека се во матката, а само човечко бебе ги губи пред раѓањето.

6. Секој фетус има уникатен отпечаток од прст, кој почнува да се забележува околу 10-тата недела од животот во матката на мајката.

7. Фетусите ги отвораат и затвораат очите, а оваа активност започнува во периодот помеѓу 12-тата и 14-тата недела. Приближно во исто време, бебињата полека почнуваат да ги допираат лицата со прстите и повремено ги ставаат рацете во устата.

8. Фетусите се проѕеваат. И тие го прават тоа често, еднаш до три пати во еден час, а почнуваат со „досадувањето“ околу 13-тата недела.

9. Околу 13-тата недела, почнуваат да го вадат јазикот.

10. Во 11-тата недела се подготвени за маникир затоа што – ноктите на прстињата на рацете почнуваат да им растат! Во 14-тата недела се подготвени за педикир – затоа што почнуваат да им растат ноктите на нозете!

11. Нивното срце е како брз воз, во 15-та недела прави 150 отчукувања во минута!

12. Кожата на фетусот се лекува сама по себе. Ако кожата на фетусот е случајно повредена за време на пункција, таа заздравува многу брзо и не остануваат лузни.

13. Девојчињата како фетуси околу 20-тата недела произведуваат 7 милиони полни јајце клетки. Кога ќе се родат, имаат 2 милиони од нив, а околу 400 000 во пубертетот. Тоа е сосема доволно, бидејќи жената овулира околу 400 пати во текот на животот.

14. Тестисите кај машките фетуси произведуваат голема количина на тестостерон од 12-тата до 24-тата недела.

15. Бебињата во матката за време на последното тримесечје се покриени со верникс казеоза. Станува збор за фин слој кој е сличен на путер, а по раѓањето останува на бебето уште неколку дена.

16. Сите фетуси имаат иста боја на кожа до 20-тата недела, а дури околу 23-тата недела секое бебе почнува да добива свој тон на кожата.

17. Бебињата во матката претежно спијат, бидејќи на тој начин мозокот добива енергија за развој и формирање. Сепак, од 26-тата недела, постојат фази на будна состојба кои траат до 20 минути на час.

Фото: Freepik

loading...