Екраните можат да предизвикаат зависност кај малите деца, но и аутизам

Дали на малите деца треба да им се забранат таблети, паметни телефони или гледање телевизија?

0
274

На саемот на телевизиски содржини и програми за деца, MIP Junior, одржан во Кан, се дискутирало токму за таа тема. Керол Бјенем-Бесе, задолжена за регулација на телевизиските содржини на француските телевизии, изјавила дека изложеноста на децата на дигиталните уреди станало „прашање на јавното здравје“.

Таа истакнала дека луѓето почнале да сфаќаат дека екраните можат да предизвикаат зависност дури и кај малите деца, а во екстремни случаи и проблеми слични на аутизам, кој се нарекува вирален аутизам.

„Што се однесува до Франција, нивните стручњаци им советуваат на родителите на децата помлади од три години целосно да им го оневозможат гледањето содржини на екраните. Дури во 2008. Година им забраниле на своите телевизии да им се обраќаат со програмата на децата помлади од три години“, рекла Керол Бјенем-Бесе, а забранет е и популарниот канал Bebi TV.
БиБиСи смета дека забраните се нереални, и дека е потребно да се креираа поинаква содржина, што тие и го прават. Имено, тој канал креира содржина која е наменета за деца постари од две години, но свесни се дека ги гледаат и бебиња и мали деца.

Наместо забрана, потребно е децата да научат да ги препознаат содржините кои не се за нив, да развиеме во нив критичко мислење и што е најважно, да побараат помош ако во дигиталниот свет се сретнат со нешто што не е за нивните очи или пак ги загрозува, што е посебно важно детето да научи пред да почне да ги користи социјалните мрежи.
Керол се осврнала и на социјалните мрежи и рекла дека во Велика Британија дури 75 отсто десетгодишници користат Инстаграм, Твитер и Фејсбук. Таа вели дека е апсурдно што тие социјални мрежи не се опфатени со законот како и останатите медиуми и производители на содржини.

„Истовремено, директорите на големите компании кои произведуваат апликации и дигитални содржини за бебиња и деца, своите сопствени деца ги праќаат во Монтесори градинките и училиштата кадешто се екраните целосно забранети. Стив Џобс на своите деца не им дозволувал  да користат ајпод. Би било многу подобро децата да станат експерти за технологии такашто ќе учат програмирање, а не да им бидат робови на готовите производи.

Сепак, одлуката останува на родителите. Потребно е добро да се размисли за тоа што држат децата во рацете и колку е сигурна таа содржина.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]