Експертите предупредуваат: Оваа намирница е поголема алергиска закана од јаткастите плодови

Многу родители знаат колку се опасни алергиите на јаткастите плодови. Денес, медицинските експерти известуваат дека постои нова опасност од алергии на друга храна, која е еднакво сериозна.

0
518

Некои јадења, како што се јаткастите плодови, се воведуваат во исхраната на децата постепено и внимателно, бидејќи тие можат да предизвикаат алергиска реакција. Меѓутоа, намирницата што ја користиме секој ден може да доведе до сериозни алергии.

Многу родители знаат колку се опасни алергиите на јаткастите плодови. Денес, медицинските експерти известуваат дека постои нова опасност од алергии на друга храна, која е еднакво сериозна.

За жал, таа е основа на исхраната со децении и би можела да биде потешка за искоренување.

WebMD соопштил дека алергиските реакции предизвикани од храна довеле до 25 проценти зголемување на бројот на хоспитализации кај децата во периодот од 2006 до 2012 година, според анализата на податоците на педијатриската болница спроведена во 2019 година. Иако со години кикириките и некои јаткасти плодови се виновници за алергиските реакции, кравјото млеко е сега најчест причинител за алергии на храна кај децата на возраст под пет години, според извештајот на WebMD.

Зачудува податокот дека кравјото млеко сочинува приближно половина од сите алергии на храна кај деца помлади од една година.

Карла Дејвис, директорка на програмата за алергии на храна во Детската болница во Хјустон, рекла: „Алергијата на кравјо млеко е најнепријатната од алергиите на храна. Многу луѓе не се свесни дека може да предизвика толку сериозна анафилакса“.

Извештајот објаснува дека кравјото млеко е омилен пијалок за децата поради калциумот, витамините и други хранливи материи, како што се протеините. Меѓутоа, некои од овие протеини телото ги препознава како туѓи и ги напаѓа, што доведува до алергиска реакција. Некои експерти велат дека затоа е толку важно да се едуцира јавноста за опасностите од млечните производи денес.

Ако има добра вест, тоа е дека како што растат децата, извештаите сугерираат дека некои ќе ја надминат алергијата на кравјо млеко.

Фото: Pexels

loading...