За сапомопреглед на дојките треба исто толку време колку за облекување на хулахопки

Фактот дека самопрегледот на дојките како метод за рано откривање на рак на дојката трае исто толку колку што трае и облекувањето на хулахопките ги спои во заедничка кампања здружението „Борка“ и македонскиот бренд за хулахопки Ла Дама

0
40

Самопрегледот на дојките како метод за рано откривање на рак на дојката трае исто толку колку што трае и облекувањето на хулахопките! Со оваа порака македонскиот бренд за хулахопки Ла Дама, а во соработка со здружението Борка, ја започнува општествено одговорната кампања за борба против ракот на дојката.

Од денес, Светскиот ден без градник до 13. ноември, за секој купен пар Ла Дама хулахопки, ќе бидат донирани по 1 денар на Здружението за борба против рак Борка – за секој нов ден. Хулахопките Ла Дама можат да се најдат во сите поголеми  супермаркети кои се распространети на целата територија на државата.

„Ние како женски бренд, сакаме да дадеме наш придонес во борбата со ракот на дојката. Сакаме да апелираме дека самопрегледот е круцијален дел од превенцијата на ракот на дојка и доколку почувствуваме промена треба навремено да направиме преглед. Денеска ја започнуваме кампањата бидејќи е Светскиот ден без градник така што ги покануваме сите Ла Дами да ни се приклучат, тоа може да го сторат со купување на хулахопки, во националните ланци на маркети каде што е застапена Ла Дама, а набрзо и во онлајн продавницата ladama.mk“, велат од компанијата.

Кампањата е од едукативен карактер и содржи информации за сите жени за да може правилно да се информираат за превенцијата и борбата против ракот на дојка.

„Ѝ благодариме на Ла Дама која се приклучува и дава свој придонес во подигнувањето на јавната свест за ракот на дојка како потенцијално излечива болест. Сметаме дека ваквите општествено одговорни акции се многу значајни, не само од финансиски аспект, туку многу повеќе заради тоа што гледаме дека се повеќе компании се охрабруваат гласно да зборуваат и да помогнат во менувањето на здравствените навики кај луѓето. Ние во Борка, постојано апелираме дека самопрегледот, навремените контролни прегледи и навремената дијагностика се клучни во намалувањето на смртноста од ракот на дојка“, изјави Биба Додева, претседателка на Здружението Борка.

[better-ads type='banner' banner='999' ]