Зошто првородените деца се перфекционисти, а најмладите бараат внимание?

Средните деца можат да бидат поконкурентни затоа што се обидуваат да го привлечат родителското внимание и тоа може да ги доведе до огорченост затоа што „не е лесно да ги задоволите родителите кога сте помеѓу најстарото и најмалото дете“.

0
234

Терапевтот Тристиан Колазо предизвикал бројни реакции откако објаснил една теорија за тоа како може да влијае врз вашата личност и интеракцијата со браќата и сестрите, тоа кое дете сте по ред во вашето семејство.

Тој го користи својот ТикТок за споделување знаења за психологијата, допирајќи поими како што се гранично нарушување на личноста, социјална анксиозност и нарцизам.

Oсобено привлекол внимание со серија видеа во кои зборува за „Поимот за  психолошкиот поредок на раѓањето“. Изворно, станува збор за теорија на Алберт Адлер.

„Поединци можат да се идентификуваат со повеќе категории на раѓање затоа што сите првородени деца некогаш биле единци, а средните деца биле најмлади“, објаснил Колазо.

Во серија други видеа, тој продолжува со објаснување на типичните карактеристики на секоја личност со оглед на нејзиниот редослед на раѓање.

Така, најстарите браќа и сестри имаат тенденција да бидат поодговорни, но исто така се склони кон перфекционизам, а другите членови на семејството честопати имаат „нереални очекувања за најстарото дете“ што ги принудува „да научат да преземаат поголема одговорност“. Средните деца можат да бидат поконкурентни затоа што се обидуваат да го привлечат родителското внимание и тоа може да ги доведе до огорченост затоа што „не е лесно да ги задоволите родителите кога сте помеѓу најстарото и најмалото дете“.

Најмалите деца се во предност затоа што „не мора да се натпреваруваат со нови браќа и сестри“. Тие можат да привлечат поголемо внимание и постојано да го бараат тоа внимание, но исто така можат да се чувствуваат „инфериорно во однос на другите браќа и сестри“.

Колацо ги прашал своите следбеници дали можат да се поврзат со тие тврдења, а многумина признале дека се шокирани од тоа колку се точни, пишува Independent.

Фото: Pexels

loading...